Ана Винтур НЕ беше инспирација за „Ѓаволот носи Прада“

0

Фановите на филмот „Ѓаволот носи Прада“ веќе долго време претпоставуваат дека карактерот на Мерил Стрип, на уредникот Миранда Присти, се базира на Ана Винтур. Но, сега нејзината колешка Емили Блант откри дека тоа не е вистина!

Филмот, кој беше базиран на истоимената книга на Лорен Вајсбергер, се претпоставуваше дека е заснован на вистинските искуства на авторот за работењето во „Вог“. Сепак, Блант откри: „Мерил всушност не ја базираше на Ана Винтур. Па, таа ѝ го кажа истото и на Ана. Таа го базираше на двајца мажи од Холивуд кои ги знаела- чиј идентитет ќе остане скриен, но знам кои се тие. Тоа е се“.

Непосредно по дипломирањето, Вајсбергер работела како помошник на Винтур, „факсирање, поднесување барања, носење кафе и, во основа, да го олесни животот на Ана“, пред да стане автор со седум романи и продажба во светот од околу 13 милиони на нејзиното име. И кога романот излезе, беше наречен „предавство на шефот“, верувајќи дека е базирано на Винтур. Авторката на тоа одговорила:

-Ако знаев дека ќе добијам толку критики, никогаш не би го напишала романот. Имав 25 години кога беше објавен и ги чувствував коментарите како личен напад. Беше лесно да се каже дека работев за Ана Винтур и дека сум правела белешки само за да го напишам овој роман на одмазда, но тоа не беше така во случајов.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com