Америка доби нов милијардер

0

Падна најголемата премија на американските игри на среќа во износ од 1,6 милијарди долари, откако беа извлечени добитните броеви за премијата на лотаријата „Мега милиони“. Извлечените броеви се 5, 28, 62, 65 и 70 (со дополнителниот број 5).

Барем еден добитен лоз бил продаден во сојузната држава Јужна Каролина, додека допрва се очекуваат информации за тоа дали има уште среќници кои ќе ја поделат премијата. Доколку има единечен добитник, тој би можел да добие исплата од 904 милиони долари. Во спротивно, може да ја земе целата сума, но на рати.

Досегашната рекордна добивка изнесуваше 1,58 милијарди долари, но таа беше поделена помеѓу тројца добитници во 2016 година.

САД беа обземени со лото-треска со недели, додека траеше продажбата на лозовите кои чинеа два долари, односно додека растеше премијата. Изгледите за добивање џекпот беа еден наспрема 302 милиони.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com