Амбициозна руска серија снимана и во Мароко

0

Преплавени со американски серии со иста содржина, со турски и латиноамерикански бескрајни сапуници, сигурно барате нешто поразлично. Ви нудиме интересен предлог, кој можеби на прв поглед изгледа недостапен, но никогаш не се знае дали некоја од нашиве телевизии ќе се обиде да ја купи токму оваа серија.

Имено, телевизискиот канал „Русија“ најавува за есенва грандиозна премиера на серијата „Ненастје“ реализирана по истоимениот роман на Алексеј Иванов. Дејството се одвива во еден од најтешките периоди во историјата на Русија и дава тажен, но точен портрет на тоа време- „мрачните деведесетти години“. Тоа е време на големи промени, рушење на илузии и неисполнети соништа. Но, како и секоја руска драма, и во оваа има место за љубовта.

Снимањето се одвива во Москва и околината, Волгоград, Крим, па дури и во Мароко.

Хероите на серијата „Ненастје“, по Авганистан се враќаат во својата татковина, но во Русија ништо не е како порано. Тие сега се борат за своето место под сонцето и ја бараат својата среќа…

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com