Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Амал Клуни конечно попушти

0

Амал и Џорџ Клуни се толку популарни, секојдневно ги следат фанови и папараци, но сепак некако успеваа да ја зачуваат приватноста или барем се обидуваа да бидат далеку од светлината и да ги заштитат своите деца, близнаците Александар и Ела. Но, изгледа дека Амал конечно попушти.

Насмеана од уво до уво, Амал Клуни дозволи папараците да и се доближат додека ги држи во раце своите прекрасни деца. Сликитe од атрактивната мајка се споделувани насекаде низ светот и коментарите се само позитивни. Овој момент се случи точно една година и половина откако малите дојдоа во светот.

Познатата адвокатка за човекови права со децата се прошета низ Њујорк, каде што семејството има стан и тоа врата до врата со познатите пријатели, супермоделот Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер.

На фотографиите 40-годишната мајка изгледа опуштено, но исто така многу атрактивно во кожни панталони и долг елек со леопард-принт, а децата се облечени во фармерки и патики и топли јакни. Ела има неодолива шамија и капа, а двете дечиња во рацете држат исто мече.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com