Ален Делон награден со почесна „Златна палма”

0

Ѕвездата на филмовите „Роко и неговите браќа”, „Самурај”, „Гепард” и „Господин Клајн”, францускиот актер Ален Делон, е добитник на почесната „Златна палма” на овогодишниот Кански фестивал, што ќе се одржи 14 до 25 мај.

– Станува збор за жива легенда, за глобална икона – изјави директорот на Канскиот фестивал, Тери Фремо, соопштувајќи ја одлуката на жирито за доделување на наградата на Делон.

Делон се прослави со улогата на Том Рипли во филмот „Во зенитот на сонцето” од 1960 година, а три години подоцна беше номиниран за „Златен глобус” за ролјата во „Гепард”.

Во 1968 година Делон беше осомничен за убиство на неговиот телохранител, југословенскиот државјанин Стевица Марковиќ, кого го запознал за време на снимањето на филмот „Марко Поло” во Белград. Поради недостиг на докази, Делон подоцна беше ослободен од обвинението.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com