Аврил Лавињ се слика гола зад гитара за насловната страница за новиот албум

0

Аврил Лавињ повторно се враќа на музичката сцена благодарение на посебната насловна страница на нејзиниот нов албум „Head Above Water“.

На сликата пејачката се појавува гола, како  се крие зад акустична гитара која таа стратешки ја држи пред неа. Нејзината руса брановидна коса се разделува во средината и продолжува да паѓа надолу до подот.

Таа ја сподели сликата на нејзиниот инстаграм профил во петокот, и напиша: „Јас сè уште не можам да верувам дека мојот албум е скоро тука! Овој албум значи многу за мене и јас сум толку возбудена што наскоро ќе го слушнете. Исто така, благодарам на моите обожаватели за тоа што толку многу ме сакавте и ме поддржувавте низ ова патување. Ве сакам сите многу“.

Се чини дека новото музичко лансирање имаше голем успех, бидејќи на Инстаграм таа сподели: „Број 3 на @itunes pop!“. Навистина, таа беше на трето место зад две песни од Ариана Гранде.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com