Tesla и Panasonic со заеднички проект за енергетска независност

0

Јапонската компанија Panasonic ќе произведува фотоволтаици и модули, кои работат заедно со Tesla Powerwall и Powerpack.

Ова ќе биде дел од планот SolarCity, кој има за цел да го замени нормалното напојување и да даде иницијатива за независноста за луѓето од производството на енергија. Ова ќе има и позитивно влијание и врз природата, бидејќи се уште голем дел од енергетските извори, како термоцентралите одделуваат значително количество гасови и честички. Вкупниот проект нема да биде првата соработката меѓу компаниите, бидејќи тие веќе работат заедно на многу фронтови.

Panasonic e основниот дистрибутер на батерии за производство на автомобилите на Елон Маск. Производството на системите од SolarCity се очекува да започне следната година во градот Бафало, во Њујорк.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com