Opel со нова Insignia

0

Во средината на летото се појавија слики од тестниот прототип на новата генерација на Opel Insignia, за производителот деновиве да понуди и официјални фотографии од автомобилот, кој сепак повторно е покриен со камуфлажа. Овој пат има и конкретни информации за автомобилот.

2017-opelinsignia-02-768x5122x
Главната промена е зголеменото меѓуоскино растојание, кое од 2.737 mm нараснало на 2.827 mm. Ова значи дека Insignia излегува од сегментот D и преминува еден сегмент погоре – Е.

2017-opelinsignia-04-768x5122x
Премиерата на следната Insignia ќе се случи на салонот за автомобили во Женева во март следната година, кога ќе биде прикажан лифтбек со 5 врати. Моделот добил и ознака Grand Sport, а од профилот се гледа барањето на спортски имиџ, сличен на оној кај Audi A7 и Mercedes-Benz CLS. Од компанијата велат дека возилото ќе ја задржи типичната за сите модели на марката – функционалноста.

2017-opelinsignia-01-768x5122x
Најверојатно во септември следната година ќе се појави и верзија комби, додека седанот сеуште е под знак прашање. За моделот е предвидена апсолутно нова платформа, благодарение на која вкупната тежина на Insignia ќе се намали за 175 килограми. Ова ќе се одрази и на управливоста и економичноста на возилото.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com