Lamborghini започнува со работа на „автомобилот на иднината“

0

Lamborghini потпиша договор со МИТ (MIT). Соработката на двете компании ќе доведе до размена на искуство во изработка на нови материјали и технологии кои ќе помогнат за создавање на супер изведба за третиот милениум.

-MIT секогаш бил на едно од првите места во светот за создавање на иновативни технологии и горди сме дека ќе соработуваме со ваква институција во науката. Сигурен сум дека заедно ќе успееме да решиме голем број проблеми и да направиме супрер модел на иднината, коментира шефот на Lamborghini, Стефано Доменикали.

lamborghini-aventador-black-hd-wallpaper-2
Основната идеја на Италијанците е развој на материјали кои ќе им овозможат да се намали тежината на идните автомобили на Lamborghini. Само пред еден месец компанијата склучи договор за испорака на слични материјали со Mitsubishi Rayon, а истовремено со тоа ја отвори својата лабораторија во Сиетл, која ќе работи во истата насока.

Во 2010 година италијанскиот производител го претстави прототипот Sesto Elemento, кој тежеше само 999 килограми. Каросеријата, ентериерот и тркалата на машината беа направени целосно од карбон, кој веќе се користи во сите нови модели на марката. Во Lamborghini сметаат дека ќе можат да направат и мотор од овој материјал.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com