20 Работи кои треба да ги направите пред судбоносното „ДА“

0
  1. Заборавете го бившото момче бројот на неговиот телефон и начинот на кој Ве прегрнувал
  2. Треба да имате барем еден состанок со некој телохранител, свирач, пејач или момче кое никогач не сте го претставиле пред вашето семејство
  3. Одлучете што навистина сакате и како да дојдете до тоа, без барања дозволи од другите и чести извинувања
  4. Помирете се со тоа дека секоја врска на поцеток е добра, а потоа се полоша
  5. Присуствувајте на некое венчавање на кое со задоволство би се менувале со невестата, но и на друго венчавање по кое со задоволство би заминале во калуѓерки
  6. Прочитајте ги РАЗУМ И ЧУВСТВА од Џејн Остин и ПЕРИОД НА ЈАД од Џејн Смајли
  7. Откријте како да кажете НЕ едноставно , смирено и одлучно, така што Вашето одбивање да не значи секогаш и караница
  8. Научете како да преговарате со Вашиот парнер така што ако некој од Вас победува, тоа не значи дека оној другиот губи
  9. Размислете дали ќе можете да му простите ако во текот на првата семејна вечера задреме на каучот
  10. Научете како да преживеете вечерна забава, играјќи со туѓи деца и разговарајќи со некој кој е навистина досаден, а притоа да не се чувствувате како маченик или светец
  11. Направете план по кој Вашата иднина би била сензационална и возбудлива, дури и ако не се омажите.
  12. Размислете зошто бракот не е само ПАРЧЕ ХАРТИЈА
  13. Поминете дел од зимата во студентско скијачко одморалиште, лето во младински камп или на некое фантастично место со некој на кој нема да сакате да се сеќавате кога ќе ви обели косата
  14. Поминете неколку месеци среќно – САМИ
  15. Делете ја секоја радозналост која ја имате во врска со неоженетите, со психоаналитичарите или со најдобриот другар со Вашиот постар брат
  16. Запалете го Вашиот дневник и сите љубовни писма што сте ги добиле
  17. Поминете неколку месеци лошо – САМИ
  18. Одлучете се дали ќе го менувате презимето, верата  и начинот на размислување, пред било кој друг да реши да го промени тоа
  19. Престанете да барате некој кој е совршен
  20. Прославете ја својата претстојна свадба прво со најблиските пријателки
Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com