10 Совети за подобар сон

0

Следниот пат кога ќе и се случи во 2 часот наутро да сте се уште будни – не кревајте паника. Една непреспиена ноќ не значи дека патите од несоница. Причината може да биде во грижите кои ве мачат, депресија или преобилна вечера. Ако бесоните ноќи станат редовна појава, морате да се позанимавате со вистинската причина, бидејќи во спротивно, постои опасност дека здравјето Ви е загрозено .

  1. Претворете ја својата спална во мирно рајско катче. Погрижете се во собата да биде чисто, уредно и проветрено. Креветот мора да биде удобен.
  2. Пред спиење измасирајте ја средината на Вашите стапала неколку минути. Според кинеската медицина,масирањето на овие акупунктури точки предизвикуваат поспаност.
  3. Запалете етерично масло во собата, пред да имате намера да одите на спиење. Ви препорачуваме цвет од портокал.
  4. Испијте растителен чај за смирување. Тоа може да биде чај од камилица, анис, врба, маточина, валеријана или некоја мешавина.
  5. Спијте на перница полнета со билки. Можете да ја направите сами, а треба да содржи мешавина од билки кои смируваат или опуштаат – црвена роза, лаванда, мајоран, коњски босилок, каранфилче.
  6. Пуштете ја својата омилена тивка музика, искапете се во када со ароматични свеќи наоколу.
  7. Не одете во кревет гладни, бидејќи нема да можете да заспиете. Тоа не знаејќи дека морате да јадете токму пред спиење,туку во текот на денот да изедете доволно за да легнете сити.
  8. Ако навистина не можете да заспиете, немојте да се присилувате. Земете нешто за читање, пишувајте или чистете ја куќата.
  9. Никако не заспивајте со вклучен телевизор.
  10. Ако несоницата потрае три седмици, посоветувајте се со својот лекар. Може да постои некоја здравствена причина.
Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com