10 начини да направите секој ден посебен

0

1.ЦЕНЕТЕ СЕ СЕБЕСИ И СВОИТЕ КВАЛИТЕТИ

Ако се чувствувате слаби, напишете ја листата на своите достигнувања. Покрај на работното место и на оние што се однесуваат на домашни работи, како успевате на пример да го исчистите подот за пет минути.

2. ОВОЗМОЖЕТЕ СИ РЕЛАКСАЦИОНО КАПЕЊЕ

Наполнете ја кадата со миризлива купка и минете еден час во неа, мислејќи дека се наоѓате на некоја прекрасна фарма. За тоа време можете да читате некоја омилена книга или да слушате музика.

3. НАПИШЕТЕ ДОЛГО ПИСМО ДО НЕКОЈА ПРИЈАТЕЛКА ИЛИ РОДНИНА

Сетете се колкаво е задоволството,да седнете и напишете писмо во кое ќе испишете дел од себе. Доживувањето не е исто како некогаш кога се чекаше поштарот, но и по електронски пат можете некого да израдувате.

4.НЕМОЈТЕ ДА БИДЕТЕ СЕКОГАШ НЕРАСПОЛОЖЕНИ КОГА ЌЕ ЗАВРНЕ

Замислете си колку е убава прошетката кога ќе заврне дожд. Зарем немате убави спомени од некој токму дождлив ден?

5.ИСЧИСТЕТЕ ГО ТАВАНОТ ИЛИ ГРАЖАТА

Ќе видите дека има илјадници работи за кои и сами ќе се зачудите, како толку време сте ги чувале. Ќе Ви е вратат некои пријатни спомени.

6.НАПРАВЕТЕ НЕКОИ ИЗМЕНИ ВО СТАНОТ

Зошто да биде тоа, само во специјални прилики. Имислете нешто ново, што ќе ги освежи Вашите соби и многу повеќе ќе Ве релаксира кога ќе бидете во нив.

7.РАЗГЛЕДУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ФОТОАЛБУМИ

Ова ќе Ви одземе многу повеќе време отколку што мислите. Но, навистина ќе се опуштите во напливот на спомени.

8.ОДИТЕ ЗА ШОПИНГ

Одредете си некој износ, кој можете да го потрошите и одите на шопинг.

9.НАПРАВЕТЕ НЕШТО СОСЕМА ПОИНАКУ

Направете нешто Што и Вашата најдобра пријателка нема да поверува дека сте го направиле. Не мора тоа да биде којзнае што. Заминете на работа ненашминкана.

10.БИДЕТЕ ЗАЕДНО СО ПРИЈАТЕЛИТЕ

Не мора тоа да биде некоја седенка. Повикајте ги и кога генерално ја чистите куќата. За секого ќе има по нешто за работа, а заедничкото дружење ќе биде интересно и забавно.

Share.

About Author

Маргарета Николовска Димовска

Остави коментар

Powered by themekiller.com