Џулија Робертс двојно ја намали цената

0

Познатата холивудска актерка, Џулија Робертс, двојно ја намали понудената цена за куќата на Хаваи.

Првично холивудската ѕвезда побаруваше за имотот 30 милиони долари, а сега веќе е подготвена да ja продаде за 16 милиони. Куќата се наоѓа на брегот на Тихиот океан далеку од љубопитните погледи и од секакви забава, што според брокерите е и проблемот да се најде брзо нов сопственик. „Ова е одличен пример дека не само цената, но и локацијата игра важна улога при продажба на недвижен имот“, коментираат аналитичарите.

Куќата, која се состои од пет спални е изградена пред речиси еден век – 1917 година од сопственик на плантажи на трска. Вкупната површиан е 350 метри квадратни, а внатрешниот двор е со поглед на Заливот.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com