Јадења без месо (III дел)

0

ПОЛНЕТ КЕЛ

1 поголема главица кел, 200 грама мешан динстан зеленчук, 150 грама ориз, 80 грама путер, 5 лажици рендан пармесан, 1 јајце, троки од леб, сол, црн пипер.

Фил: Пропржете заедно со кромидот неколку видови на зеленчук( домат, модар патлиџан,тиквички, грашок, печурки И сл.). Додадете ситно исечкан лук И исечкан магдонос. Во зеленчукот измешајте го напола сварениот ориз.

Во меѓувреме пригответе го келот за полнење. Исчистете ги надворешните овенати листови, ставете го во зовриена И посолена вода И варете го додека не омекне. Процедете го, изладете го И внимателно отстранете ги надворешните И внатрешнителистови, се додека не дојдете до средината. Средината извадете ја а на нејзино место ставете една ажица од филот, потоа преклопете го филот со првиот ред лисови И се така филувајте го келот. Тогаш вака филуваниот кел, ставете го во платнена крпа, врзете го И пуШтете го во зовриена вода да се свари до крај. Кога ше биде готова сепосипува со рендан пармесан, трошки од леб И иситнето тврдо варено јајце.

ПОТПЕЧЕН КЕЛ СО СИРЕЊЕ

1 кг. кел, 3 тврдо варени јајца, 100 грама кашкавал, 30 грама путер, трошки од леб, сол, црн пипер. Сос: 40 грама брашно, 30 грама путер, ½ литар млеко, сол, црн пипер, морско оревче.

Келот исчистете го од надворешните листови, исечете го на четвртини И варете го во посолена вода со малку оцет. Оставете го да се излади во водата во која се варел. За тоа време пригответе го сосот: во сад стопете го путерот, додадете брашно И млеко, И малку поварете го тоа.Ставете сол, црн пипер И малку морско оревче. Изладениот кел исечете го на покрупни парчиња И прелијте го со бешамел сосот, а одозгора ставете листови од кашкавал. Огноотпорниот сад намачкајте го со путер ставете половина од келот, а над него наредете тркалца од варените јајца И сето тоа покријте го со преостанатиот кел. Сето тоа посипете го со трошки од леб, исечкан магдонос И мали парченца путер. Ставете го во загреана рерна И потпечете го.

КЕЛЕРАБИ СО ШАМПИЊОНИ

8 келераби со еднаква големина, 1 главица кромид, 2 лажици масло, 100 грама шампињони, 40 грама путер, 1 јајце, ¼ литар супа од зеленчук, 1 лажица брашно од соја, ½ чаша кисела павлака, шеќер, магсдонос.

Келерабите измијте ги И излупете ги. Варете ги десетина минути во посолена вода. Извадете ги соцедалка И изладете ги. Шампињоните исечете гин а листови. Во тава загрејте путер, ставете ги шампињоните И малкупропржете ги. Додадете едно изматено јајце И исечкан магдонос, сето ова убаво измешајте го И оставете филот да се излади. На келерабите извадете им ја средината внимателно со мала лажичка. Во поширок сад загрејте го маслото, пропржете го на него брашното од соја И налејте ја супата од зеленчук. Тогаш во садот наредете ги келерабите И варете гин а тивок оган околу половина час. Извадете ги И наредете ги во порцелански сад. Сосот процедете го И измешајте ја павлаката. Ставете малку сол, малку црн пипер И малку шеќер И прелијте ги келерабите. Одозгора ставете исечкан магдонос.

ВАРИВО ОД КЕЛЕРАБА

4 келераби, 250 грама грашок, 350 грама компири, 1 литар супа од зеленчук, 1 лажица брашно од соја, 2 лажици млеко, 40 грама путер, магдонос, сок од ½ лимон, сол, црн пипер.

Сварете супа од зеленчук И кога ќе биде омекнат зеленчукот додадете го претходно разматеното брашно од соја со млеко. На крајот додадете го растопениот путер, сол, црн бибер И исечкан магдонос. Според вкусот можете да додадете И сок од лимон.

КОПРИВА СО СИРЕЊЕ

800 грама млада коприва, 150 грама сирење, 50 грама рендан пармесан, 50 грама рендан ементалер, путер, сол.

Копривата добро исчистете ја, темелно измијте ја И ставете ја во зовриена посолена вода да се свари. Процедете ја, ситно исечкајте ја И пропржете ја на загреан путер.. Зачинете ја со рендан пармезан И ементалер. Потоа ставете ја копривата во огноотпорен сад претходнонамачкан со путер. Одозгора ставете го сирењето И ставете го во загреана рерна да се потпече околу дваесетина минути. Послужете го жешко.

СОЧНА ТОРТА ОД КОПРИВИ

800 грама коприви, 100 грама ориз, 150 грама сирење, 2 главици кромид, 3 тврдо варени јајца, 3 свежИ јајца, 2 лажици рендан пармесан, 60 грама путер, трошки од леб, сол, црн пипер, морско оревче.

Копривата исчистете ја, измијте ја И прелијте ја со зовриена посолена вода. Оставете ја неколку минути во водата, процедете ја И ситно исечкајте ја. Во садот загрејте ја половината количина од путерот И на него динстајте го ситно исечканиот кромид со 1 лажица вода. Додадете ја копривата, малку вода И динстајте додека копривата сосема не се свари. Тогаш ставете го оризот, додадете топла вода И варете се додека не биде густо.

Кога смесата од коприви И од ориз ќе се излади, додадете ги тврдо варените јајца, изматените јајца, сирењето, пармезанот, сол, црн пипер, морско оревче. Смесата ставете ја во калапи печете ја на умерена температуре околуеден час. За површината на тортата да не потемни премногу, покријте ја со алуминиумска фолија. Се служ топла.

СЛОЖЕНАЦ ОД ЗЕЛКА И ГРАВ

500 грама рендана кисела зелка, 250 грама грав, 50 грама масло, 2 главици кромид, 2 лажички црвен пипер, 1 лорберов лист, ½ лажичка мајчина душичка, сол,бел бибер, 4 домати, 1 дл кисела павлака, ½ китка магдонос.

Гравот ставете го да преноќИ во вода, а наредниот ден сварете го со лорберовиот лист И мајчината душичка. Во меѓувреме пропржете го исечканиот кромид, па додадете ја ренданата кисела зелка, црвениот пипер И малку пропржете го сето тоа. Ставете малку сол И црн пипер. Налејте го со топла вода И варете го на тивко околу 15 минути.

Доматите измијте ги И исечете гин а коцкички И додадете гин а зелката кога малку ќе омекне. Потоа додадете го процедениот грав И павлаката. На крајот додадете исечкан магдонос.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com