Јадења без месо (II дел)

0

ПОТПЕЧЕН КАРФИОЛ ВО ТЕСТО

1 карфиол, средна големина, путер или маргарин. Тесто: 2 јајца, 1 лажица брашно, млеко, сол.
Од јајцата, брашното и млекото, изматете погусто тесто како за палачинки и оставете го да отстои. Карфиолот сварете го во посолена вода и разделете го на поголеми делови. Внимателно измешајте го тестото со карфиолот и сето ова заедно со путерот ставете го во огноотпорен сад, па ставете го во загреана рерна убаво да се потпече.

ПОТПЕЧЕНИ ШАМПИЊОНИ

800 грама шампињони, 1 главица кромид, 1 лажица сечкан магдонос, 2 дл. млеко, 1 дл. кисела павлака, 100 грама кашкавал, 3 тврдо варени јајца, 2 свежи јајца, 1 лажица нишесте, 2 лимона, 40 грама путер, сол, црн пипер, морско оревче.

Шампињоните се чистат, се мијат со студена вода и се сечат на листови, се накапува одозгора сок од лимон за да не потемнат. На путер пржете го ситно исечканиот кромид, додадете ги шампињоните и набрзина пропржете ги на силен оган. Посолете ги, ставете црн пипер, сечкан магдонос и тргнете ги од оган. Во посебен сад, изматкајте ги јајцата, со нишестето, киселата павлака, млекото, ставете сол, црн пипер и морско оревче, според вкус. Огноотпорниот сад намачкајте го со путер, ставете ги шампињоните, а на рабовите наредете ги тврдо варените јајца, претходно исечкани на коцкички. Прелијте ги шампињоните со смесата од кисела павлака, млеко и зачини. Ставете го сето ова во претходно загреана рерна и потпечете го.

КНЕДЛИ ОД ЛЕБ СО ГРАВ

300 грама грав, 5 парчиња леб, 2 дл млеко, 2 јајца, 1 главица кромид, ½ китка магдонос, сол. Сос: 40 грама маргарин, 40 грама брашно, 1 лажица пире од домати, сол, црн пипер.
Гравот ставете го во вода да преноќи, а другиот ден сварете го. Лебот исечете го на парчиња и потопете го во жешко млеко. Згмечете го и додадете ги јајцата, исечканиот кромид, магдоносот И 100 грама исечкан грав.

Смесата добро измешајте ја со раце И обликувајте ги кнедлите, по една за секоја чинија. Варете ги сосема тивко во посолена вода.

Во поширок сад загрејте го маргаринот, , измешајте го брашното И налејте го со супа од гравот. Варете го околу 5 минути И зачинете со разматено пире од домати. Ставете сол И црн пипер. Тогаш во сосот додадете го преостанатиот грав. Во секоја чинија ставете по една кнедла И прелијте ја со сосот. Послужете ги топли.

ВАРИВО ОД ГРАВ СО ШАМПИЊОНИ

400 грама грав, 1 главица кромид, 1чешне лук, 3 лажици пире од домати, 150 грама шампињони, сол, црн пипер.

Гравот се остава преку ноќ да покисне во вода, а другиот ден се вари во вода без сол. Додека се вари гравот, пригответе ги шампињоните. На загреано масло пропржете го кромидот, додадете ги исчистените И исечкани шампињони И динстајте ги додека не испари водата. Додадете го разматеното пире од домати И варете го И натаму додека сосот да се згусти.Тогаш ставете го варениот грав. Количината на вода од гравот измерете ја според вкусот. Ставете сол, црн пипер, И варете го сето ова заедно уште некое време.

ГРАВЧЕ ТАВЧЕ

300 грама грав,покрупен,2 главици кромид, 2 црвени суви пиперки, 100 грама масло, нане, црвен пипер, сол, црн пипер.

Гравот треба да преноќИ во вода, а наредниот ден се вари со една главица кромид И две суви пиперки.Кога ќе биде варено (треба да се внимава зрното да остане цело), се става со многу малку вода во земјена тава. Се додава црн пипер, сол, суво иситнето нане сувите пиперки без семе. Настрана во маслото се пропржува исечканиот кромид, се додава една лажица црвен пипер И се додава во гравот. Сето ова убаво се меша И се става во загреана рерна да се потпече.

ПОТПЕЧЕН ГРАШОК СО КОМПИР

1 кг грашок, 1 главица кромид, 100 грама путер, 1 јајце, сол, црн пипер, масло за пржење, 800 грама компири, 200 грама брашно, 1 јајце, 2 лажици рендан кашкавал, сол.

Компирите сварете ги И потоа испасирајте ги. Додадете го брашното, сирењето И јајцето И замесете глатко тесто. Расукајте го во дебелина од 1 сантиметар исечете со калап облици по желба И испржете гин а жешко масло. Посебно сварете го грашокот И динстајте со исечкан кромид на малку масло. Во подмачкан огноотпорен сад наредете ги прво испржените компири, а преку нив се става грашокот. Одозгора ставете парчиња путер И редете го така со ред. На крајот одозгора искршете едно јајце И потпечете го во рерна.

ОМЛЕТ ОД ГРАШОК

200 грама исчистен грашок, 1 мала главица кромид, 8 јајца, 2 лажици исечкан магдонос, путер или масло,сол, црн пипер прстофат шеќер.

Кромидот исечкајте го И пропржете го на масло со лажица вода.Потоа додадете го грашокот, ставете сол И црн пипер по желба. Динстајте го грашокот се додека не омекне, додавајќИ по малку топла вода. На крајот додадете прстофат шеќер И оставете го грашокот да се излади. Во длабок сад изматете ги јајцата, додадете го сечканиот магдонос, ставете сол И црн пипер И сето тоа измешајте го со изладениот грашок.. Загрејте во тава малку путер или масло И испржете го омлетот.

ТОРТА ОД ГРАШОК

1 кг грашок, 50 грама рендан пармезан, 1 дл млеко, 1 лажица путер, 1 главица кромид, 4 јајца, масло, сол, црн пипер.

Во широко тенџере пропржете ги исечканит кромид, па потоа додадете го грашокот И налејте вода. Ова се вари се додека грашокот не омекне. Во посебен сад изматете ги јајцата, додадете го пармезанот, млекото, посолете го И измешајте го со грашокот, па сето ова ставете го во тркалезно подмачкано тавче И потпечете го.

ЕДНОСТАВНО ПИРЕ ОД ГРАШОК

1 кг свеж грашок, 50 грама путер, ½ чаша млеко, сол.

Грашокот сварете го во посолена вода И изгмечете го низ цедалка за да ги отстраните лушпите. Во друг сад стопете го путерот И веднаш додадете го грашокот. Ова мешајте го со дрвена лажица. Посолете го И по малку додавајте млеко. Силно мешајте со лажицата додека не добиете сочно пире. Секористи како додаток на сите видови месо, во комбинација со варен компир.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com