Јадења без месо (I дел)

0

БАМЈА СО ПЧЕНКА

500 грама бамји, 300 грама замрзната пченка, 40 грама путер, 30 грама брашно, 4 дл. супа од зеленчук, 1 ½ дл млеко, сол, сок од половина лимон, 50 грама рендан кашкавал.

Бамјите исчистете ги и варете ги во посолена вода околу 15 минути, Пченката измијте ја и процедете ја. Во меѓувреме стопете го путерот, додадете брашно, малку пропржете го, налејте го млекото и оставете го пет минути да врие. Посолете го, ставете го сокот од лимон. Огноотпорниот сад добро намачкајте го со путер, бамјите и пченката измешајте ги и ставете ги во садот заедно со сосот. Одозгора посипете го со ренданиот кашкавал и печете го ова на умерена температуре околу 20 минути.

ПИКАНТНИ БАМЈИ СО ПАВЛАКА

750 грама бамји, 30 грама маргарин, 1 главица кромид, 1 лута пиперка, 1 1/2 лажичка кари, сок од половина лимон, 6 лажици павлака, сол.

Бамјите се чистат и се мијат со студена вода. Ставете ги во посолена вода што врие и варете ги околу 15 минути. Процедете ги. Во сад загрејте го маргаринот и на него малку пропржете го ситно исечканиот кромид, додадете ситно исечкана лута пиперка и бамјите. Потоа додадете кари, сол, сок од лимон и малку шеќер. Динстајте го се додека не омекне На крајот додадете ја павлаката и сето ова добро измешајте го.

БАМЈИ СО ОРИЗ

250 грама бамји, 150 грама ориз, 1 кромид, 150 грама пире од домати, 30 грама путер, 30 грама маргарин, 1 ½ литар супа од зеленчук, сечкан магдонос, сол, црн пипер.

Во сад загрејте го маргаринот и во него пропржете го исечканиот кромид. Додаете ги исчистените бамји и динстајте со постепено додавање на супата. Кога зеленчукот е наполовина готов, додајте во супата разредено пире од домати и динстајте додека бамјите сосема не омекнат, а течноста не испари. Во преостанатата супа сварете го оризот, а потоа процедете го. Во друг сад стопете го путерот, додадете го оризот. Потоа на чинијата за сервирање, во средината ставете го оризот, а одоколу наредете ги бамјите.

БАМЈИ СО ОВЧО СИРЕЊЕ

750 грама бамји, 2 поголеми главици кромид, 40 грама путер, 1 чешне лук, сол, бел бибер, 1 црвена лута пиперка, 300 сок грама домати, 300 грама меко овчо сирење, 1 јајце.

Бамјите исчистете ги измијте ги и процедете ги. Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го на путерот. Додатете го лукот и бамјите. Потоа додадете ја лутата пиперка исечена на коцкички и претходно измешана со сирењето и јајцето, додадете го сокот од домати и динстајте го ова десетина минути. Кога течноста ќе испари, посолете го со белиот бибер.

ПОТПЕЧЕН ЦЕЛЕР СО ПАРМЕЗАН

1 поголем корен целер, ¾ литар млеко, 250 грама стар леб, 1 лажица путер, 2 јајца, 100 грама рендан пармесан, сол, црн пипер.

Целерот излупете го исечете го на четири дела и варете го околу еден час. Потоа извадете го и ситно исечкајте го. Стариот леб натопете го во млеко и варете го да добиете кашеста смеса. Во сад растопете го путерот, додадете го исечканиот целер и малку пропржете го. Потоа додадете го лебот со млекото и оставете да се вари додека млекото сосема не испари. Тогаш тргнете го од оган и додадете две разматени жолчки. Од белките изматете цврст шам и полека измешајте го во смесата. Ставете го и изренданиот пармезан, па сето ова ставете го во тепсија за печење, за да се потпече. Се служи топло.

ПОЛНЕТО ЦВЕКЛО

6 парчиња младо тркалезно цвекло, средна големина, 50 грама масло, 1 главица кромид, 1 китка магдонос, 1 шолјичка ориз, 1 јајце, 1 лажичка ким, 2 шолјички млеко, 1 чаша кисела павлака, сол, црн пипер.

Цвеклото сварете го во солена вода, излупете го и со лажичка извадете ја средината. Филот пригответе го на тој начин, што исечканиот кромид ќе го пропржите на масло, додадете сечкан магдонос и исчистен и измиен ориз и на крајот исечкано тврдо варено јајце. Сето ова добро измешајте го ставете сол и црн пипер и со ова полнете го цвеклото. Вака наполнето ставете го во огноотпорен сад.

Во тава направете лесна запршка од масло и брашно. Додадете една лажичка ким и налејте го ова со вода или млеко, па со овој сос прелијте го цвеклото. Се става во загреана реран да се потпече.

ПОТПЕЧЕН КАРФИОЛ СО ДОМАТИ

1 карфиол средна големина,1 главица кромид, 2 лажици масло, 300 грама домати, 4 лажици рендан пармезан, сол, црн пипер.

Карфиолот измијте го и ставете го да врие во солена вода околу 20 минути. Процедете го и одвојте ги цветчињата. Оставете го на топло. Во меѓувреме на масло пропржете го исечканиот кромид, додадете ги излупените и исечкани домати. Ставете сол и црн пипер по желба. Овој сос треба да се вари на тивко околу десетина минути. Варениот карфиол ставете го во огноотпорен сад, прелијте го со приготвениот сос, обилно посипете го со ренданиот пармезан и потпечете го во загреана рерна околу дваесетина минути.

ПОТПЕЧЕН КАРФИОЛ СО КАШКАВАЛ

1 карфиол средна големина, сок од ½ лимон, сол, маргарин за подмачкување. Сос: ¼ литар млеко, 2 лажици нишесте, 1 жолчка, 100 грама рендан кашкавал, сол, морско оревче.

Карфиолот се вари околу половина час во солена вода, додека не омекне, но не смее да се превари. Процедете го и ставете го во огноотпорен сад. Во меѓувреме пригответе го сосот: сварете го млекото со малку сол и изрендано морско оревче. Нишестето изматете го со малку вода и додадете го на жешкото млеко. Жолчката разматете ја со една лажица од сосот и ова додадете го во сосот. Додадете го изренданиот кашкавал,измешајте го ова добро, а потоа прелијте го карфиолот и ставете го во рерна да се потпече.

КАРФИОЛ СО ШАМПИЊОНИ

200 грама карфиол, 500 грама компири, 60 грама маргарин, 40 грама брашно, 200 грама свежи шампињони, ¼ литар млеко, 1 јајце, една китка магдонос, сол.

Карфиолот измијте го и варете го во посолена вода околу 15 минути. Посебно сварете го компирот и направете од него пире со малку путер и млеко. Огноотпорниот сад намачкајте го со маргарин, па во него ставете го прво пирето и варениот карфиол. Во меѓувреме подгответе ги печурките. Во сад стопете го маргаринот, додадете го брашното, малку пропржете го и додадете ги на листови исечените шампињони, налејте млеко и динстајте го ова десетина минути, а потоа тргнете го од оган. Тогаш ставете едно изматено јајце и добро измешајте го. На крајот додадете исечкан магдонос. Со тој сос прелијте го карфиолот и пирето и потпечете го во загреана рерна.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com