Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

ЃОКО ХАЏИЕВСКИ СПЕЦИЈАЛНО ЗА МИС ОД ДУБАИ

0

Ѓоко Хаџиевски го продолжи договорот со клубот Хата од Дубаи, Обединети Арапски Емирати и следнава сезона ќе ја мине таму.

МИС: Како ги поминавте подготовките во Македонија?

-Ги донесов во Скопје и Охрид и беа многу позитивно изнендени.Сезоната почнува на 16 септември и веќе сме подготвени за стартот.

МИС:Минатата година имавте голем успех, кој Ви овозможи да го продолжите договорот таму.Што очекувате во следната сезона?

-Првенството ќе биде многу тешко, има многу силни екипи,ама се надевам дека ќе направиме добри резултати.Времето ќе покаже.

МИС: Во македонскиот фудбал Вие сте еден од најтрофејните тренери неминовно е прашањето што мислите за состојбата во македонскиот фудбал?

-Тоа е навистина една многу голема тема за разговор,а јас ќе пробам во неколку реченици да дадам една општа состојба.Мислам дека во Македонија не се  води доволно грижа, ниту за спортот ниту за културата,а тоа се две гранки кои најмногу можат да донесат афирмација на државата.Мислам дека  нема критериум за избор на лица кои треба да бидат водечки. Едноставно се импровизира со имиња,со политички определби.Значи која политичка опција е на власт, тие си ставаат свој човек.Не се гледа на квалитетот,бидејќи на крајот на краиштата резултатите се главно мерило кој е добар кој е лош.особено на овие што се ранг листи.Тие кажуваат каков е рејтингот на нашите репрезентации.

МИС:Дали имало нешто што сте сакале да го направите,а не сте успеале во тоа?

-Сакав да имам подобра играчка кариера.Немав вистинска позадина, иако бев голем талент,со голема љубов  играв фудбал. Татко ми беше фудбалски тренер и јас пет години одев со него.Голема желба беше на моите родители да бидам архитект,јас завршив средно архитектонско во Струга.Факултетот бараше потполна посветеност и имам завршено една година.Сум останувал ноќи и ноќи на цртање програми. Решив да се префрлам на ДИВ и го завршив тој факултет, си се најдов себеси тука. И на татко ми му реков, ти бараше да бидам архитект, а никогаш не си ми донел ниту една книга од архитектура,ти ме носеше на фудбал, а бараше да бидам архитект.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com