Ѓоко Хаџиевски и Мирко Спасески добија внуци – машки близнаци (ФОТО)

0

Алекс и Сандро се имињата на приновите на Филип Спасески и Андреа Хаџиевска, синот на Мирко Спасески, претседателот на ФК Вардар, и ќерката на Ѓоко Хаџиевски, еден од најуспешните македонски фидбалски селектори.

andrea-hadzievska-i-filip-spaseski-so-prinovite-aleks-i-sandro
Бериќетна е оваа есен за семејствата Хаџиевски и Спасески. Покрај успесите на клубовите во кои работат, неизмерна е радоста во двете семејства кои се побогати за уште двајца убавци – близначињата Алекс и Сандро.

hadzievski-avramovski-i-mihajlov-so-pretstavnici-na-klubot-hata
„За жал, моите внуци во моментов можам да ги погледнам само на фотографија, бидејќи работам во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. И тука имам причини за задоволство, зашто откако седнав на клупата на клубот Хата, остваривме две победи во низа,“ вели Хаџиевски.

Хата славеше со 3-2 во возбудлив финиш, иако Бани Јас водеше на двапати – со 1-0 и 2-1, во рамките на Атапската заливска лига и од дното на табелата се искачи на петтото место, со 7 бода.

Хаџиевски, заедно со двајцата помошници Никола Аврамовски и Горазд Михајлов, се добро прифатени од клубот, кој на тренерот му врачи и подарок по добрата вест што им пристигна ос Скопје.

fc-hata
Филип Спасески е поранешен фудбалер на Вардар, а Андреа е една од трите ќеки на Ѓоко и Тања Хаџивски. Од најстарата ќерка Стефанија, Ѓоко веќе има еден внук – Георг.

„Утре одиме да го гледаме тимот на Јорданчо Давитков (поранешен кошаркарски селектор на Македонија – н.з.), кој исто така успешно настапува во Емиратите,“ дополни Хаџиевски.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com