Што се крие во главата на мажот

0

Научниците долго време машката сексуална фантазија, ја сметале за перверзија. Сметале дека мажот треба да води љубов, а не да ја замислува. Според една анкета на хановерските психолози, седум од десет мажи, признаваат дека понекогаш, освен партнерката,во постела замислуваат некоја друга жена. Тоа им ја разгорува страста, го зголемува задоволството.

И оние мажи кои се потполно задоволни од својата партнерка, не бегаат од таквите излети во светот на еротското фантазирање.

Мажите кои не фантазираат во животот и во постелата, обично немаат многу смисол за нешто ново. Психолозите сметаат дека жената може да им помогне на мажите од овој тип.

По една анкета на психолозите од Бремен, е издвоено она што на мажите најмногу им годи од нивната партнерка.

– Јавно да ја истакнуваат нежноста од својата партнер.
– Да им покажат како веруваат дека тие сепак го држат главниот збор во сексот.
– Точно да знаат и да го прават она што најмногу ги возбудува.
– Да им зборуваат дека прекрасно водат љубов.
– Повремено да воздивнат во постела.
– Во текот на денот често да им кажат „те сакам“.

Издвоено е и она што анкетираните мажи најмалку го сакаат

– Кога жената зборува за своите претходни љубовни врски.
– Кога за време на воење љубов, гребе со ноктите, иако знае дека тој не го сака тоа.
– Кога неговата мала, невообичаена желба ја оценува како перверзна.
– Кога само ќе одглуми возбудување.
– Кога не е негувана.
– Кога во постела, водејќи љубов, зборува за некои сосема други нешта.

Нежноста,склоноста и сексуалната активност на мажите, воглавно зависат од реакциите на партнерката. Еротската желба и потребата за нежност не можат повеќе ни кај мажот да се раздвојат. И нему, како и на жената, потребно им е внимание и нежност, за да бидат потполно задоволни.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com