Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Што возат ѕвездите од Формула 1 приватно?!

0

Кога си меѓу најбрзите пилоти на планетата, непишано парвило е да возиш за некои од најмоќните производители на автомобили и ретко можеш да си дозволиш личен избор на автомобил. Славата и купиштата пари стандардно одат во комплет, па не е се така како наложуваат правилата!

Кога сме кај правилата сите сметаат дека ѕвездите од Формула 1 возат егзотични и скапи возила, но по се изгледа не е баш така? Пилотот на Red Bull Racing, Даниел Рикардо, на пример, преферира за секојдневни потреби Volkswagen Golf R, а кога е во родната Австралија, вози пикап Toyota Hilux. Но, на радост на папараците скромноста не е најпрепознатлива карактеристика во автомобилските вкусови на големите ѕверки во F1.

Луис Хамилтон

Гаражата на трикратниот шампион во Формула 1 одговара целосно на екстравагантноста и неговиот начин на живот. Хамилтон поседува барем две McLaren изведби (MP4-12C и P1), а кога има потреба за попогодна авантура за обичните патишта, седнува зад управувачот на Mercedes-Benz SL65 AMG или SLS AMG Black Series. Пред околу една година извршниот директор на Mercedes AMG Petronas Formula One Team, Тото Волф, ги шокираше новинарите со информациите дека Хамилтон сака да купи автомобил на конкуренцијата. Смирување меѓу навивачите донесе фактот дека компанијата не нуди директен конкурент на суперхибридниот LaFerrari. Минатиот ноември пак во центарот на вниманието беше друго возило на Хамилтон. Пилотот го удри своето виолетово Pagani Zonda 760LH во паркиран автомобил низ улиците на Монте Карло. Хамилтон е познат и по својата љубов кон класичните американски „мускулести“ креации од 60-тите години на минатиот век. Во неговата колекција има изработено по нарачка копија на Shelby Mustang GT500 од 1967 година и Shelby Cobra 427.

Нико Розберг

Клубскиот колега на Хамилтон преферира за движење низ Монте Карло Mercedes-Benz C63 или SLS AMG Roadster. Неодамна Германецот купи и олдтајмер 280 SL Pagoda од 1970 година.

Себастијан Фетел

Непосредно пред да ја напушти Red Bull Racing, Фетел му подари на својот татко Ferrari California. Во 2015 година се појавија гласини дека Германецот ќе се пресели во Скудерија, кои се потврдија на крајот на сезоната, па сега често може да се види зад управувачот на 488 GTB.

Кими Раиконен

Финецот може да се пофали со два хеликоптери Marcus Walz наречени во негова чест Iceman I и Iceman II. Црвеното Ferrari Enzo веќе не е негово.

Валтер Ботас

Пилотот на Williams неодамна доби како подарок од Mercedes кои испорачуваат мотори на неговиот тим, купе изведба C63.

Фелипе Маса

Кога е во Монако, Бразилецот вози просторен Mercedes-Benz ML63, а дома преферира Е63. Во гаражата на пилотот, се разбира, има и вистинска ѕверка – црно LaFerrari.

Џенсон Батон

Во кариерата во Формула 1, Англичанецот успеал да се здобие со огромен број супер изведби, меѓу кои McLaren MP4-12C, Ferrari Enzo, Bugatti Veyron, Nissan GT-R и Ford GT. Во моментов Батон често може да се види зад воланот на McLaren P1. Во гаражата има и класично комбе VW Campervan од 1950 година, Chevrolet Corvette од `57, кој му припаѓал на неговиот татко и Pontiac GTO со кој Џенсон бил на неговата свадба. Батон никогаш не возел за Ferrari, но e фанатичен приврзаник на брендот. F40, 550 Maranello, F355 и 275 GTS Cabriolet се само дел од „накитот“ во неговата колекција.

Фернандо Алонсо

Додека се натпреваруваше за Ferrari, Шпанецот стана сопственик на импресивна колекција на автомобили, произведени од концернот Fiat Chrysler. Во гаражата му има Maserati GranCabrio, Maserati Quattroporte, Ferrari 458, Jeep Grand Cherokee SRT и Fiat 500 Abarth. По преминувањето во McLaren Алонсо логично доби P1.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com