Шо ме глеаш бе, лепота није прелазна!

0

Нема поглупо прашање на улица од оноа „шо ме глеаш бе!“. Најпростачко прашање ама неизбежно присутно во нашиот уличен амбиент. Има неколку одговори на ова прашање ама најуспешно е оноа кое завршува со муабет без да му ја опнеш една, или ако немаш среќа, он да ти ја опне на крај, а ти да му одговориш со „извини сум се препознал“. Треба да си виртуоз за да му објасниш на таков или таква простакуша дека по сите закони на природата а башка државата имаш право „да се пулиш“ кај сакаш, секако во рамки на пристојност. Кај мене одоваде Вардар има неколку одговора, онака шеретски, а богами и мангупски:

    – Студирам ветерина
    – Убав си па те глеам
    – Те глеав вчера на National Geography Channel

Прашањето шо ме глеаш најчесто се толкува као „шо те ебам бе, кој си па ти!“. А ти па кој си! Еее, типично како два овна на мост коа ке се сретнат па мерат рогови. И тогаш има два излеза од ситуацијата. Првиот е да мериш рогови (читај простаклук) а втората е да речеш дека има страшно убави рогови од кои се плашиш и ќе му пуштиш пат. Он уствари нема ни да свати дека ти си попаметен па попушташ, ама јебига, дубоко у тебе ако проработи она „чаирското“ ќе ти биде криво што не си му ја опнал една.

И така, ако секој ден ја решаваш ситуацијата со „опињање“ кај ќе ти биде крајот. Велат „од стап до стап третиов у г’с!“. Ќе избамбуриш еден двојца, третиот ќе ти смени личен опис. Не е лесно да си уличар, да си неваспитан, да си багабонт. Никад не знаеш кај ќе ти биде крајот. Затоа што крајот на тие приказни има два правца. Едната нога ти е цело време свртена накај Идризово, а втората накај Бутел. ЗАЕБИ, ни Бутел ни Идризово не ме интересира.

НАРАВОУЧЕНИЕ:

Не биди пизда ама не биди ни Крале Марко. У првата варијанта ќе те дупи секој што сака, затоа што ќе примети дека си мек, а у втората секогаш ќе галопираат зад тебе „дужници“ за две тупаници. „Да ти вратат кусур“ де! Биди цврст. А, цврстината е – ВО РАЗУМОТ. Продолжи си по патот зашто дома те чека некој. А тој што си го бара ќе си го добие. Јак е оној што успева да ИЗБЕГНЕ конфликт, а не да влезе во него. Оти, стапот има два краја. Затоа коа некој ќе те праша онака најпростачки „ШО МЕ ГЛЕАШ БЕ“,.. речи, „а бе сум се препознал“,.. и продужи си.

ДИГРЕСИЈА: … ( да се насмееме ) чаирските искуства велат дека прво треба да го измериш, да повлечеш еден дим (божем нешто мислиш), па ако ти фаќа око му ја опињаш една онака „апансаз“ пред да ти ја опне он една, а ако не ти фаќа око, сети се дека светскиот рекорд на 100м е под десет секунди го држи УСЕИН БОЛД.
ШТО ГО ЕБЕШ, ЗАШТО ОН БИ ТРЧАЛ ПОБРЗО ОД ТЕБЕ, А!…

Share.

About Author

Agim Jonuz

Остави коментар

Powered by themekiller.com