Чествување за поетскиот великан

0

Кога е во прашање македонскиот поет, академик Анте Поповски, 2016 -та година минува во знакот на одбележувњето на 85 годишнината од неговото раѓање.

Во месец март, во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија, пред преполна сала се случи промоцијата на изборот поезија од Анте Поповски на бугарски јазик насловен како „Ѕвезден корен“. Станува збор за првото поголемо издание од неговата поезија на бугарски јазик, кое го публикуваше книгоиздателството „Ерго“, додека изборот на песните и преводот е на бугарскиот поет Роман Кисјов. Во стихозбирката се претставени 84 творби, најмногу од постхумнообјавената „Две тишини“ и поемата „Света Песна“.Преводот на делото беше помогнат од Програмата на Министерството за култура на Република Македонија, за поддршка на преводи на наши автори, во странство.

По повод јубилејот , на крајот на мај се одржа чествување на поетот во Друштвото на писателите на Македонија, додека пак во рамките на нашата најпрестижна културана манифестација „Охридско лето“ се случи проекција на играниот филм „Планината на гневот“ работен по сценарио на Анте Поповски. На денот на поетовиот роденден 3 јуни, познатиот уметник и хуманист Живко Поповски Цветин имаше ликовен хепениг во родното село на поетот- Лазарополе.

Во втората половина на септември, во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица се одржа Омаж посветен на ликот и творештвото на Анте Поповски. Инспиративна и вдахновена беседа, која до максимум го восфали поетскиот опус на Поповски, а посебно посмртниот тестаментален ракопис „Две тишини“, имаше промоторката, универзитетската професорка Кристина Николовска. Поетовата мултудимензионална личност, од повеќе аспекти ја расветлија струмичките автори Иван Котев и Митко Гогов, модераторот Ѓорѓи Калајџиев, како и претставникот од Центарот за култура во Струмица, Ацо Гогов. Перфектно увежбаниот сценски настап на рецитаторското трио предводено од струмичкиот професор Павле Стојанов, а во кое уште членуваа и неговите помлади партнерки Мариета Дукиќ и Катерина Панов Кожаров, волшебно проблеснуваше, така што беше вистинско задоволство да се следат плетенките стихови од Поповски подговени специјално за оваа пригода.

Централната манифестација за одбележувањето на 85 годишнината од раѓањето на Поповски најверојатно ќе се случи во необичен амбиент во еден елитен скопски хотел кон крајот на овој или кон средината на месец ноември. Можна е и уште една културна дешавка во градот на основоположникот на македонската современа литература Кочо Рацин – Велес.

На сликата подоле погледнете што имаше Анте Поповски да напише за првиот печатен број на МИС, кој е издаден 1. март 1995 година.

miss

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com