Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

„Црниот алигатор“ на Dartz е со моќност од 1.600 коњски сили

0

Летонската компанија Dartz откри детали за својот нов проект – SUV чудовиштето наречено Black Alligator кој е управувано од мотор со моќност од 1.600 коњски сили.

Теренецот ќе биде изграден на основа на Mercedes-AMG GLS 63 со 5,5-литарски 8-цилиндерски мотор со две турбини, чија сериска моќност е 585 коњски сили. Летонците предвидуваат да го снабдат овој мотор со електронски блок со нови поставувања на управувањето во неговата работа, модернизиран издувен систем и нови турбини. Dartz ќе го нуди моторот со четири варијанти на моќност: 760, 850, 1.100 и 1.600 коњски сили. Каросеријата на Black Alligator ќе биде изградена од кевлар и други композитни материјали, а оклопната верзија ќе се здобие со титаниум панели.

Името на машината доаѓа од изгледот на ентериерот, за кој се потребни 18 кожи на алигатори од реката Мисисипи. Кон тоа додале и кожа на еден крокодил, која ќе биде обезбедена од личниот снабдувач на Dartz – американски ловец по име Хенри. Новиот автомобил ќе се разликува и со специјален управувач, каде дел од елементите и копчињата според него ќе се од злато и платина, а логото ќе биде исполнето од 292 дијаманти и два рубини. Како екстра ќе се нуди систем „анти папараци”, која вклучува моќни сирени, ласерски рефлектори и дури „трапови“ на мали дронови кои носат камери.

Во Dartz подготват и специјална верзија на Black Alligator наменета за Кина. Во врска со доаѓањето на годината на петелот по кинескиот календар, Летонците ќе го претстават таму својот „Златен орел“ (Golden Eagle). За него фирмата, амблемот на компанијата – череп со авијациски шлем ќе го замени со логото на некогашната автомобилска марка Руссо-Балта и грбот на Руската империја, на кој има двоглав орел.

Од Dartz тврдат дека проектот Black Alligator е логично продолжение на друг преголем нивен автомобил – Black Shark. А, цената на ова чудовиште ќе зависи од желбите на потенцијалните клиенти, кои одлучиле да поседуваат еден посебен и уникатен автомобил.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com