Хомосексуалноста судбина или избор?

0

Симон Ле Веј признат калифорниски неуролог од детство, знаел дека е хомосексуалец. Најмногу време минувал во читање, не сакал груби спортови, кон својот татко чувствувал нетрпеливост, а бил многу приврзан кон мајка му.

Симон Ле Веј дошол до научни сознанија, кои суштински ја менуваат претставата на хомосексуалност. Истражувањата на овој невролог, тргнале од докажаниот факт, дека дел од хипоталамусот во мозокот на мажот, е двапати поголем отколку кај жената.

Малиот дел од хипоталамусот за кој се смета дека ја надгледува сексуалната активност, кај хомосексуалците бил речиси двапати помал, отколку кај хетеросексуалците. Тоа било прва поврда за она дека хомосексуалците не сакаат да бидат поинакви, туку дека поинакви се раѓаат.

Впрочем дали на хомосексуалците им е значајно да дознаат зошто се такви?

Фредерик Вајтем, кој ја проучувал хомосексуалноста во различни средини на САД смета дека им е значајно.

    – Кога ќе им се рече дека хомосексуалноста е биолошка појава, многумина би издишале со олеснување, вели Вајтем. Тоа и семејството на хомосексуалецот би го ослободил од чувството на вина. Што се однесува до неговите проучувања на хомосексуалноста Вајтем напоменува:
    – Ако го набљудувате било кое општество, хомосексуалноста се јавува во подеднаква мерка и има идентични појавни облици. Тоа покажува дека тука нешто се случува на биолошки план, иако на конечниот одговор се уште се чека.

Вродено? Стекнато?

Многу научници наметнуваат ека само еден ген може да биде одговорен за така сложена појава како што е хомосексуалноста.

    – Погрешно е да се надеваме дека можеме да ги насочиме или измениме хомосексуалците. Ако прифатиме дека тоа им е дадено од природата, полесно ќе дојдеме до ставот кој им овозможува пристоен статус во оштеството.
Share.

About Author

Маргарета Николовска Димовска

Остави коментар

Powered by themekiller.com