Трајни букети

0

Како што завршува есента, така има се помалку цвеќе по дворовите. Пред да ги уништат силните ветрови дождови и снегови, пронајдете билки и цветови со инетересн облик и изработете трајни букети.

Овие трајни букети ќе не радуваат во зимските денови и ќе не потсетуваат на времето и местото каде што се собрани.

1.Сувите стебленца од разни треви, кои ќе ги најдеме покрај патиштата и на работ на некоја шума, треба да се соберат по суво време и сончев ден.

2.На овој начин можете да ги соберете и стебленцата од магдонос, морков или од било која миродија, на кои им е испаднато семето.

3.На сувите косини покрај патиштата, можат да се најдат интересни и необични треви, кои никој не ги носел за време на летото.

4.Букетот дополнете го со црвени или портокалеви детали од т.н. лампион трева (Physailis).

5.Заврзете ги во китка собраните билки и закачете ги на на суво и темно,свртени со врвовите надолу убаво да се исушат. Пред да ги врзете, испрскајте ги со лак за коса оние стебленца кои се склони на трошење, а потоа врзете ги со жица.

6.Ваков богат сув аранжман, може да стои и без сад, доколку стебленцата рамно се исечат.
Во овие трајни букети можат да се стават и некои ароматични или лековити билки, како шо се лавандата, мајчината душичка, босилок итн.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com