Тој луд, луд свет

0

Во светот речиси секојдневно се случуваат многу нешта, кои немаат ништо заедничко со логиката и здравиот разум. Сето тоа, Ве предизвикува да се запрашате дали е можно тоа?

МОСТОТ НА САМОУБИЈЦИТЕ

„Златната порт“, што всушност е вратата на Сан Франциско, кон Тихиот Океан, од поодамна е најпривлечно место во светот за самоубијците. Убавината на златниот мост е сврзана со морбидни рекорди, речиси секоја втора седмица скокајќи од мостот висок 75 метри, во сигурна смрт заминува по еден очаен човек.

РОДЕНА ХАРФИСТКА

Четиринаесетгодишната ученичка Абигал Ван Валиум од Стокхолм, при една посета на Стоковната куќа „Маркетскет“ открила дека е чудо на прриродата и своевиден феномен. Во продавницата таа за првпат видела харфа, станала нервозна, се вцрвила и добила зголемена температура. Потоа, го замолила продавачот да седне крај харвата и по неколку, речиси професионални движења на штимање на инструментот, почнала да свири, толку прекрасно, како вистински виртуоз, иако до тој момент не свирела ниту еден музички инструмент.

КОНДОМИ СО ДУША

Додавајќи му ново значење на поимот музика за расположение, научниците презентираа најнова верзија на здравото и најсигурно помошно средство во градот – кондомот.

Имено, преентираното чудо на техниката, контрацептивно средство се пакува заедно со сопствен микрочип, кој може да се програмира, да свири било која музика или да произведува вербални звуци кои ги посакувате.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com