Тој луд, луд свет

0

Во светот речиси секојдневно се случуваат многу нешта, кои немаат ништо заедничко со логиката и здравиот разум. Сето тоа, Ве предизвикува да се запрашате дали е можно тоа?

ЗАБОБОЛКАТА НА ХОМЛИ

Откако минала час и половина под наркоза, 60 годишната слоница Хомли, се разбудила во зоолошката градина во Хараре, со пломбиран заб, како прва слоница во светот, над која е извршен таков зафат. Дека слоницата има забоболка, забележале чуварите. Хомли едноставно плачела кога земала храна. Чуварите веднаш повикале забари, кои во катникот на слоницата откриле дупка, голема колку човечка шепа. Одлучиле да го исчистат и да го затворат забот. Зафатот го извршиле 17 забари и техничари, со помош на соодветна количина на наркотици, со кои засекогаш би можеле да „заспијат“ 70 луѓе.

И ЗМИИТЕ НА УДАР

Пред судот во Моргантон, Северна Каролина, се појавил 18 годишниот Кејт Стурлинг , кој одговараше за „оштетување на лична сопственост“. Обвинението против него го покренала Наоми Андерсон, чие лично милениче била малата боа Хари. Обвинетиот Стурлинг од само нему познати причини, неодамна се нафрлил на боата Хари и и одгризал дел од опашката, додека таа мирно спиела во автомобилот на нејзината сопственичка.За овој прекршок Стурлинг платил 200 долари!

ХАЛУЦИНАЦИИ

Трговскиот патник Лес Стокс од Лондон, деновиве помислил дека страда од халуцинации, во моментот кога ја отворил својата гаража со намера да го извади својот автомобил. На местото каде што само пред шест часови, истиот ден, го оставил својот автомобил,го видел само воланот и задното стакло Претставникот на полицијата го „утешил“ Стокс, на тој начин што му рекол дека крадците биле вистински мајстори, тивки, буквално невидливи и пред се внимателни и дека не оставиле никакви отпечатоци. Осигурителниот завод се согласил на Стокс да му исплати девет десетини од штетата, бидејќи и крадците му однеле девет десетини од автомобилот.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com