Тој луд, луд свет

0

Во светот речиси секојдневно се случуваат многу нешта, кои немаат ништо заедничко со логиката и здравиот разум. Сето тоа, Ве предизвикува да се запрашате дали е можно тоа?

ШЕСТДНЕВЕН СОН

Некој англиски морнар прилегнал во празен железнички вагон во норвешкото пристаниште Ставангер, по голема морнарска забава, со многу пијалок во себе. Сама по себе случката не би била вредна да се спомене, доколку трезнењето на морнарот не било полни шест дена. Олку имено траело патувањето на железничкиот вагон, кој заедно со несудениот патник, бил приклучен на железничката комозиција и бил однесен на другиот крај на Норвешка.

За цело тоа време морнарот ја гасел жедта со дожд.

КРАЖБИ ВО ОДРЕДЕНА САААТНИЦА

Нешто било сомнително, со сите оние кражби што се случувале во градот Авенел, во американската држава Њу Џерси. Кражбите биле секој вторник и четврток и тоа помеѓу 18 и 20,30 часот.

Мистеријата била решена, кога полоцијата ги фатила двајцата питомци од околниот затвор, Томас Робинсон(31) и Мелвин Мулдроу(29) кои редовно се искрадувале од затворот, во времето одредено за посета на затворениците. Тие се препуштале на активностите поради кои и стасале во затвор и повторно се враќале во затворот, пред да биде затворена вратата.

Во блиската шума полицијата нашла плен вреден 10.000 долари.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com