„Тој е така добар човек“ го бранеше Марион Котијар својот колега Бред Пит

0

Марион Котијар се најде повикана да го каже своето мислење за Бред Пит, откако ненадејно се најде во средиштето на интересирањето на јавноста, поттикнато од неговиот бучен развод. Додека се одвиваше приказната околу неговиот развод некој ја поттикна аферата дека Марион и Бред имаат нешто повеќе од вообичаениот колегијален однос на снимањето на нивниот заеднички филм.

Но, 41- годишната глумица не губеше времето и деновиве за американските медиуми ги избриша сите сомневања за наводна романса на сетот. „Тој е така добар човек“, рече таа, додавајќи дека тој има златно срце и таа има само позитивни впечатоци од работењето со него. „Се разбира, тој е волшебен глумец, тој е толку добра личност што навистина не е тешко да се остане покрај него“.

И додека во интервјуто имаше само зборови на пофалба за Бред, на снимањето Марион не беше така смирена и сигурна. Таа самата признава дека била по малку нервозна како ќе мине снимањето бидејќи од другата страна бил токму Бред Пит. За цело време на снимањето таа се плашела каков ќе биде крајниот резултат и што ќе помислат другите во екипата за нејзината глума. Но, за нејзина среќа, 52-годишниот Бред, како вистинска ѕвезда зрачел позитивна енергија која и помогнала да ги надмине сите проблеми. Дури неочекувано за неа и помогнал со своите совети дури и во надминувањето на јазичната бариера, бидејќи таа во себе ги преведувала дијалозите од француски на англиски јазик за подобро да „влезе“ во филмот.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com