Тест за трикатниот тунел под Босфор (Видео)

0

Еден од мегапроектите во Турција – тунелот „Евроазија”, го поздрави својот прв официјален корисник. Тоа беше самиот турски претседател Реџеп Таип Ердоган.


Првиот човек на Турција седна зад управувачот на службениот Mercedes, за да го тестира прв тунелот, кој поминува под Босфор и ја поврзува Европа со Азија. Тунелот, кој е на три ката (едниот е за возови), е долг 14,6 километри и ќе го намали времето за патување во просек од 100 минути на само четвртина час.


Очекувањата се низ цевките под морето дневно да минуваат по 100.000 возила. Тунелот е изграден од турски-корејски конзорциум и се очекува да биде отворен официјално на 20 декември.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com