Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Судиите размислуваат за бојкот на натпреварите на Серена Вилијамс

0

Тениските судии по скандалот на Серена Вилијамс и арбитерот од финалето на УС Опен – Карлос Рамос, сериозно ја разгледуваат можноста за бојкот на натпреварите каде што игра американската тенисерка.

Да се потсетиме, помладата сестра Вилијамс ноќта на 10 септември во финалето на УС Опен изгуби од јапонската тенисерка Наоми Осака. Во вториот сет од натпреварот, 36-годишната тенисерка со висок тон влезе во долг спор со Рамос, нарекувајќи го „крадец“, „лажго“ и обвинувајќи го за пристрасност и сексизам. За ова, тенисерката доби казнен гем и парично беше казнета со 17 илјади долари.

На страната на Вилијамс се приклучи Женската тениска асоцијација (ВТА) и американската тениска асоцијација (УСТА), што предизвика незадоволство кај тениските судии. Колегите на Рамос се сигурни дека тој „бил критикуван само затоа што професионално ја извршувал својата работа“.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com