Стадионот кој ќе ја вивне Рома на фудбалското небо?!

0

Еден од најамбициозните градски проекти кои Рим и Италија некогаш ги виделе е новиот стадион на фудбалскиот клуб Рома – Stadio de la Roma.

Модерниот стадион ќе биде изграден во соседството на Тор ди Вале, а околу него ќе бидат изградени и игралишта за тренинг, бизнис комплекси и паркови. Почетокот на изградбата на прекрасниот стадион со интересна форма на Колосеумот, беше одложена поради добивање на дозволи и документи, но се очекува во текот на летото на 2019 година да биде отворен.

Покрај тифозите на Рома, поводи за радост имаат и сите Римјани. Илјадници работници ќе бидат ангажирани, што ќе ја намали и нивото на невработеност во главниот град и регионот. Градоначалниците ќе добијат значителна сума и од даноци. Кога ќе биде отворен, меѓу 15.000 и 20.000 лица ќе работат на стадионот и во соседните комплекси и деловни згради. Од фудбалскиот клуб Рома ветуваат дека целиот комплекс ќе биде еко и зелен. Новото истражување покажува дека финансиските дивиденди од стадионот за италијанската престолнина во следната деценија ќе биде во износ од 20 милијарди. Економските позитиви за градот ќе бидат значителни.

stadio-roma

Неговиот капацитет ќе биде за 52.500 луѓе. Во моментов „римската волчица“ го дели Олимпико со градскиот ривал Лацио. Новиот стадион ќе биде сопственост и користен само од Рома. На него нема да има атлетска патека и ќе биде во англиски тип – трибините ќе се до самиот терен. Од Рома ветуваат неверојатно искуство за секој приврзаник. Дури најоддалечените место на трибините ќе биде на само 11,7 метри од теренот. Тој ќе располага со 21 лифт и вкупно 938 тоалети – 366 дамски и 572 машки. Покрај фудбалските средби, ќе може да да се одржуваат различни концерти, манифестации дефилеа… Неговиот дизајн е мешавина помеѓу богатата културна историја на Рим и иновативните технологии. Тој ќе биде на 20 минути од аеродромот Фиумичино и на толку од централните точки на главниот град.

nuovo-stadio-roma-foto

Фудбалската инфраструктура е главниот проблем на италијанските клубови во последните децении. Во овој момент само Јувентус има модерен стадион по трендовите на оние во другите европски земји. Тимот од Торино си изгради помал (во споредба со претходниот) стадион, но исклучително модерен. Американските сопственици на Рома, предводени од милијардерот Џејмс Пало, се надеваат да го намалат разликата помеѓу римскиот тим и топ тимовите на Стариот континент. Изградба на сопствен стадион е првиот чекор во оваа насока.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com