Со билките против зодијакот

0

Се верува дека првиот напис на медицинската астрологија е Хермест Тристмегис. Еден дел од неговата доктрина важи и денес. Според него,човекот е минијатурен облик (микрокосмос)од свемирска структура (макрокосмос). На секоја декада и одговара одредена болест. Секој знак опфаќа три декади од по 10 степени од кругот.

Арапите први воспоставиле врска помеѓу лековитите одлики на тревите и некои знаци на планетатите.Користејќи ги астролошките тројства, имале различни системи, со помош на кои ги одредувале тревите, кои одговарале на соодветен знак.

Еве листа на прехрамбени продукти кои им се потребни на зодијачките знаци:

ОВЕН

Доматот содржи и голема количина на калиум фосфат, чиј недостиг предизвикува главоболка и депресија.

БИК

Целерот може да ги отстрани последиците од претерано јадење.

БЛИЗНАЦИ

Зелената салата, карфиолот, ананасот се потребни за зголемување на отпорноста кон бронхитисот.

РАК

Се советуваат прехрамбени продукти богати со калциум, бидејќи недостигот на овој минерал, предизвикува болки во забите и испукана кожа.

ЛАВ

Сливите, грашокот и портокалите, би требало да бидат дел од исхраната на лавовите, бидејќи ги олеснува срцевите тегоби.

ДЕВИЦА

Лимонот би требало да им помогне, да се ослободат од склоноста кон првутот и кожните инфекции.

ВАГА

Јаготките, богати со минерални соли, им помагаат на Вагите да ја одржат рамнотежата на киселите и нормални течности во телото.

ШКОРПИЈА

Шкорпијата тешко поднесува јака храна и редовно би требало да јаде сливи.

СТРЕЛЕЦ

Шпарглите и краставиците, на стрелците им даваат убав тен, убава коса и ментална сила.

ЈАРЕЦ

Зелката треба да биде составен дел на исхраната, бидејќи ја спречува реумата и сколиозата.

ВОДОЛИЈА

Калинката содржи алкална состојка, која ги елинира и неутрализира токсините.

РИБИ

Рибите се склони на анемија. Суво грозје, урми, житарици, богати со фосфат,железо, совршено им одговараат.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com