СОВЕТИ ЗА МЛАДИТЕ РОДИТЕЛИ

0

На младата брачна двојка, со првото дете,по правило не и е лесно,особено ако не им помага некоја баба.Колку и да ги слушаат советите на постарите,секогаш ќе се најде нешто што не знаат.Затоа, овие совети ќе им пружат многу сознанија што им се неопходни.

1.Кога бебето плаче,што е помало, толку побрзо треба да му се пријде.Со тоа нема да го размазат, туку ќе му покажат дека се грижат за него.

2.Постојат многу причини за плачењето-глад, мокри пелени, топло му е, досадно…Многу од тие причини лесно можат да се отстранат,а потоа свртете му го вниманието со некоја играчка.

3.Кога детето ќе добие грчеви во стомакот и почне да плаче може да му се помогне на следниот начин.Да се постави да лежи на грб,па наизменично еднта па другата нога да се притиска покрај телото.Така полесно ќе ги исфрли гасовите од органите за варење.

4.Секогаш кога е можно,бебето треба будно да се стави во кревет.Ако тогаш заспие без плачење,полесно ќе ја преспие ноќта.

5.Во текот на ноќта, што поретко да се преповива бебето,бидејќи при тоа, сосема се разбудува бебето.

6.Некои бебиа го повраќат млекото после доење,а на мајките им се чини дека повратената количина е огромна.Всушност се работи за она што на бебето му е вишок.

7.По два месеца,кај бебето треба да се воспостави одредена сатница,во исто време храна,како и спиење,на кое треба да му претходи ритуал.

8.Постојат бебиња кои се плашат од вода,па е многу тешко да се искапат.Можете да го ставите бебето во празна кадичка, ставете неколку играчки и кога тоа ќе се заигра,почнете да ставате вода во кадичката.

9.Некои родители премногу топло го облекуваат своето бебе.Тоа може да предизвика топлотен удар.Детето се поти, се чувствува непријатно.

10.Не се воздржувајте од поставување ‘‘глупи‘‘ прашања кај детскиот лекар.За младите родители е се ново,немаат искуство, а не сакаат ништо да направат погрешно, па сакаат да знат се.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com