СКОМРАХИ ПО 25-ти ЈУБИЛЕЕН ПАТ

0

Културен настан во месец ноември, е без сомнение 25-тата меѓународна средба на студентите на академиите и факултетите за драмски уметности. Факултетот за драмски уметности – Скопје како организатор на средбите, кој патем ги нарекоа СКОМРАХИ секогаш бил на високо професионално ниво.

Интересот кај љубителите на театарската и филмската уметност, од година во година е се поголем, особено кај младата генерација.

СКОМРАХИ почнува денес а по свеченото отворање ќе се претстават студентите од класата на проф. Д-р Сузана Кирнџиска и доц. Мр. Кристина Леловац со претставата „Мртвиуши“.

Годинава покрај домаќинот, ќе настапат студенти од Факултет за драмски уметности Белград, Југозападен Универзитет “ Неофит Рилски “Благоевград,Факултет за драмски уметности Приштина и Факултет за драмски уметности Загреб. А студентски филмови, ќе презентираат студенти од АГРФТ Љубљана и Академија за сценски уметности Сараево како и Академијата за сценски уметности Загреб.

Пред да ја прочитате програмата за годинешните СКОМРАХИ да се потсетиме уште еднаш кои се тие СКОМРАХИ.

Скомрахите беа оние катери- талкачи од средновековието, кои ги спојуваа распокинатите врвици, ги премостуваа реките, го донесуваа здивот од други земји, ја носеа пораката на актерско мајсторство, кои и забавуваа и се подбиваа и засмејуваа, налутуваа,огорчуваа и замислуваа. Во името на тајната порака, што актерите отсекогаш ја пренесувале, дури и во времето на војните, чуми, поплави, се одржуваат и овие денешни СКОМРАХИ…

programa-skomrahi-2016

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com