Скапоцениот камен го открива карактерот

0

Пламенот од дијамантот, искрењето на рубинот, сјајот на сафирот, се исто толку ралични, како и особините на шените кои ги сакаат. Со векови, скапоцените камења ги привлекуваат жените. Малку се оние, кои ги оставаат рамнодушни. Повеќето не можат да им одолеат на нивната убавина и блесок.

Мажите добро знаат, колку скапоцените камења ги привлекуваат жените, па оние кои можат ги даруваат со вакви скапоцени подароци. Пребогатиот Грк Аристотел Оназис ги послужувал како со десерт своите миленички со дијаманти, кои биле сокриени во крушка.

Всушност, покрај блескавата убавина, скапоцените камења се одлична инвестиција и можат полесно да се земат со себе, отколку големиот број на пари со кои се платени.

Психолозите пак, од свое гледиште оцениле, какви личности се жените, кои посебно сакаат одреден вид на скапоцен камен.

РУБИН

Жените кои сакаат рубин, уживаат во играта со оган. Во љубовта и воопшто во животот. Во нив се гори, како и тој црвен бесценет камен. Неуморни, тие летаат од авантура во авантура. Тоа се личности со огнен темперамент, на чиј шарм тешко е да се одолее.

ДИЈАМАНТ

Тој е инкарнација на исклучителна жена, образувана,добро воспитана, со стил – се совршено, така што со сите тие особини неодоливо ги привлекува мажите. Покрај тоа, жената која сака дијамант, има челична волја и често е бескомпромисна. Не е ни чудо, ако се има предвид фактот, што дијамантот е најтврд, меѓу сите познати материи.

СМАРАГД

Во смиреноста лежи силата на жените, кои го сакаат смарагдот. Неа не е лесно да ја извадите од такт. Нејзината близина делува смирувачки, како зеленкастото светкање, на нејзиниот омилен скапоцен камен. Таа е пријател на чие рамо може човек да се исплаче и потполно сигурен партнер во љубовта. Нејзин сон, семејство и куќа во зеленило.

САФИР

Чист оптимизам – тоа е животното гесло на ониеншто најмногу го ценат сафирот. Тие жени живеат на сончевата страна од животот и веруваат во доброто на луѓето. Многу се трудат, другите да ги изведат на вистинскиот пат и во тоа се многу ефикасни, при што им помага нивната елеганција, обраование и трпеливост.

КИЛИБАР

Особините на жената која го сака килибарот, се сигурност и постојаност, а нејзиниот скапоцен камен килибарот и е потребен, како воздухот што го вдишува. Никако не поднесува промени и експерименти. Таа е семејна личност, која цврсто стои зад својот сопруг, а децата поради преголема нежност, умее премногу да ги разгали.

ОПАЛ

Жената што го сака опалот, сака големи настапи. Како што нејзиниот омилен скапоцен кмен ги менува боите, така и таа умее да ужива во тоа, да игра разни улоги во животот. Таа е одлична актерка, која за секого може да најде вистински текст.Ужива кога е во цнтарот на вниманието и во тоа успева. Умешна е во разговорот, духовита и брза на јазик.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com