Сидата веќе не е баук, сепак не пропуштајте да се тестирате

0

Македонија бележи смирување на бројките на нови регистрирани случаи со ХИВ инфекција. Според она што беше соопштено на прес-конференцијата од страна на Звонко Миленковиќ, национален координатор за ХИВ/СИДА и директор на Клиниката за инфективни болести, годинава во земјава се регистрирани 37 нови случаи, а двајца се починати. Во двата случаи станува збор за лица кои се регистирани во напредната задоцнета форма на болест, но кои кратко време по приемот на Клиниката, поставувањето на основната дијагноза на болеста и по отпочнувањето соодветен третман, завршиле фатално.

Миленковиќ посочи дека од 37 новодијагностицирани случаи, една третина се на возраст под 30 години, една половина се на возраст од 30 до 40 години, а има и на возраст над 40 години (21 процент). Посочи дека од 37 новорегистрирани, 34 се од машки пол, а три од женски пол.

– Денеска во ерата на високо активна антиретровирусна терапија, со откривање нови механизми, таргети за нејзино дејство, се постигнува она што го бележиме на глобално ниво односно намалување на тешките манифестни форми на ХИВ инфекцијата и намалување на смртноста. Секој барем еднаш треба да се тестира – рече Миленковиќ.

Тој нагласи дека годинава отпочнуваат со најнови генерации лекови вклучително и оние кои влијаат на дел од овој патогенетски циклус на ниво кое моментално претставува пресвртница на глобално ниво во однос на изборот на антиретровирусна терапија и се со најголема можност во остварување на ефектите.

Надлежните институции да го корегираат буџетот за програмата за ХИВ со цел да се обезбедат доволно средства за лекување, пред се за групите изложени на најголем ризик, бараат од Платформата на граѓански организации кои спроведуваат програми за превенција на ХИВ и поддршка во врска со ХИВ кај групите изложени на најголем ризик во Македонија.

Андреј Сених, извршен директор на Здружението „Заедно посилни“, рече дека нивно барање е да се воспостават и стабилни механизми за соработката меѓу Министерството за здравство и граѓанскиот сектор со финансиска поддршка на Глобалниот фонд да продолжи да функционира на ефикасен начин кој ќе овозможи клучни услуги за превенција.

– Македонија до 2030 година може да спречи да настанот повеќе од 860 нови инфекции и да се избегнат 290 смртни случаи, доколку оптимално ги продолжи овие програми, истакна Сених.

По повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА, ХЕРА-Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Националниот координативен механизам за ХИВ/СИДА и туберкулоза, Здружението „Заедно посилни“ и Платформата за одржливост на програмите за превенција, грижа и поддршка од ХИВ, денеска и утре во Скопје организираат Регионален состанок на Југоисточна Европа за ХИВ. На конференцијата присуствуваат 50 претставници од осум земји во регионот. Целта на состанокот е формирање регионален координативен механизам кој ќе работи на одржливост на програмите ХИВ во земјите на Југоисточна Европа.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com