Се продава Lamborghini-то на Род Стјуарт

0

Британската аукциска куќа Coys of Kensington пушта на аукција исклучително вредни возила. Станува збор за култното Lamborghini Miura произведено во 1971 година, што му припаѓало и на познатиот пејач Род Стјуарт.

1971-lamborghini-miura-p400-s-front-three-quarter
Аукцијата ќе се одржи на 29 октомври во London’s Alexandra Palace. Во моментов организаторите не објавија која е стартната цена за Lamborghini-то на познатиот музичар. Во 2015 година, истиот автомобил беше пуштен на продажба на интернет аукција на eBay, а бараната цена тогаш беше 1,25 милиони евра. За жал продавачот, не најде купувач.

1971-lamborghini-miura-p400-s-rear-three-quarter
Спортското купе Lamborghini Miura е од модификација P400S и е во оригинална боја Blu notte. Автомобилот е со десен волан и станува сопственост на Род Стјуарт уште во 1971 година. Според биографијата на пејачот, објавена во 2012 година, Lamborghini-то станува негова сопственост за сума од 5.000 фунти. Во тие години тоа беше прилично сериозна сума. Автомобилот чинеше три пати повеќе отколку станот во кој живеел тогаш.

1971-lamborghini-miura-p400-s-cabin
Стјуарт го продава Lambo-то на крајот на 70-тите, а следниот сопственик го менува стандардниот мотор од 370 коњски сили. Новиот агрегат е од модификација SV и располага со 383 коњски сили. Тоа е и единствената посериозна интервенција на возилото. Инаку, автомобилот се наоѓа во одлична техничка состојба, со оригинален ентериер и боја.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com