Се продава Ferrari Enzo на Томи Хилфигeр

0

Светски познатиот дизајнер Томи Хилфигeр кој создава својот бренд во далечната 85-та година, не е тајна е голем фан на машините на Скудерија.

Во 2003 година, тој купува еден примерок кој го носи името на креаторот на компанијата од Марнело – Enzo. Целото производство на моделот, кое започна во 2002 изнесуваше само 400 парчиња, а едно од нив е донирано и на Папата. Првичните 349 бројки се распродадени уште пред почетокот на склопување и компанијата одлучи да пушти уште 50 парчиња. Едно од овие е и на Томи Хилфингер.

Претходникот на LaFerrari е управувано од атмосферскиот мотор во 12-цилиндарски V облик мотор Tipo F140, кој има моќност од 660 коњски сили, а дизајнот е на Кен Окујама. Автомобилот успева да постигне забрзување од 1,2 G, при тест на Evo Magazine, кој успеа да мине еден криг на „Ринго“ за време од само 7:25.21.

Возилото е во врвна состојба, има поминато само 3.622 милји или околу 5.000 километри. Тоа ќе биде продадено идниот јануари од Сотбис Аризона, а информации околу евентуалната цена нема, но во моментов просечната цена достигнува 2.9 милиони долари.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com