Се продава Audi-то на Принцезата Дијана

0

За многумина, моделот на Audi – 80 B4, е една од последните вистински машини на германскиот концерн. Со прекарот „јајце“ поради заоблената форма, тоа е и база за создавање на култниот S2 и феноменален комби RS2.

Ова беше миленик и на една од најинспиративните, позитивни и сакани личности на 20 век – Лејди Дајана. Автомобилот поседува 2.3-литарски петцилиндерски мотор со автоматски менувач, во боја Gomera Pearl и е во одлична состојба. Километражникот покажува вкупно 34.460 km, а возилото смени веќе три сопственици.

Тоа ќе биде продадено следниот месец од Silverstone Auctions на NEC Classic Motor Show Sale, што се одржува во Бирмингем, а се очекува сумата да достигне до 60 илјади фунти. Табличките на возилото се исти, со кои е купен од Лејди Дајана, а присуствуваат и голем број документи и фотографии со кој се докажува автентичноста.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com