Се обложила на 500.000 евра дека Хилари Клинтон ќе победи

0

Во Англија некоја храбра жена се обложила на 500.000 евра дека Хилари Клинтон ќе победи на претседателските избори во САД, што е веројатно најголемиот политички облог во историјата.

Облогот, што е еднаков на 450.000 фунти е направен со британскиот ланец обложувалници Вилијам Хил, кој на кандидатката на Демократската партија и дал коефициент 4-11 за да победи во трката за Белата куќа. Ако Клинтон трумфира пред Доналд Трамп и стане прва жена претседател, неидентификуваната храбра жена ќе заработи околу 180.000 фунти.

Портпаролот на Вилијам Хил, Греам Шарп изјави за британските медиуми дека жената што се обложила има 46 годии, дека е редовен муштерија, но никогаш досега не се обложила на политички настан, а уплатата ја направила во евра. Воедно, портпаролот додал дека засега нема да соопшти никакви други детали за жената што се обложила.

„Поради нејзиниот облог, сега облозите за победа на Трамп ни станаа посебно омилени“, изјави тој за Тајмс.
Набргу по оваа историска уплата, коефициентите за победа на Клинтон осетно се намалија, а пораснаа оние за триумф на Трамп.

Пишувајќи за овој најнов голем облог, британските медиуми потсетуваат дека не така одамна една жена се обложила на 100.000 фунти дека Велика Британија ќе остане во Европската Унија. За разлика од неа, исто така жена ставила 10.000 фунти дека земјата ќе ја напушти заедницата и заработила 27.500 евра. Очигледно жените стануваат се позабележителни играчи во британските обложувалници.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com