Сaленто

0

Во периодот од 09 до 14 фебруари на територија на регионот Пуља, поточно најјужниот дел, Саленто, се одржаа едукативни работилници, преку кои учесници од северниот дел на Италија, Македонија, Унгарија и Турција активно учествуваа во изработката на домашна паста, дегустација на традиционалните деликатеси, имаа можност да ги разгледаат знаменитостите и да научат повеќе за историјата на ова подрачје. Првата работилница беше посветена на традиционалната италјанска паста и иако во нашата земја на тестенините им додаваме и дополнителни состојки, овде италјаните ги прават со само две и тоа: брашно и вода. Тестото се замесува добро и потоа се прават облици. Превкусната домашна паста најчесто е во форма на орекети, кои се прават навидум лесно со обликување на тестото со нож. Потоа формиранат паста треба барем една вечер да отстои за наредниот ден подготвена да може да се готви.

Во Италија не е возможно да си на диета. Освен превкусната паста и пица имаат толку многу деликатеси што би можеле да ги понудат. Јас би почнала од слатките и традиционалното пастичото, кое можеш да го најдеш само во овој регион, понатаму спулмоне, чија основа е сладолед, но исполнет со најралични додатоци, кој варираат од регион до регион и уште еден типичен десерт Chiacchiere, кој традиционлано го прават за време на карневалот, кој се случува токму во овој период од годината, низ целата држава.

 

 

Ручеците им изобилуваат со домашно произведи кашкавали, свежи зеленчуци и неизоставен дел од секоја трпеза е пастата како предјадење, превкусно месо, десерт, кој обично е типичната кростата и нормално по секој ручек едно право италјанско еспресо.

На територијата на Саленто можеш да најдеш толку многу  работилници и мали фабрики каде што генерално се работи рачно. Наидовме и ние на една таква во еден мал град Сурано, каде уметниците ни објаснија малку повеќе за процесот на изработка и за нивните дела. Вчудоневидувачките реални скулптури ни оставија многу впечаток, па заради исцрпните прашања се задржавме дури и 2 часа восхитувајќи се на секој детал на изработките.

 

 

Еден од многуте фамилијарни бизниси е и оној на фабриката  “Marti pavimneti” , кој ни ги прошири знаењата за богатата традиција на Саленто. Секој од нас посака да има макар една од прекрасно изработените плочки. Процесот се одвива така што за секоја дизајн има посебно изработен шаблон, кој се исполнува со боја, а потоа се додава песок и цемент. Овие материјали заедно се втиснуваат во преса, во времетраење од 2 минути, а потоа се вади прекрасна изработка на единечна плочка.

 

 

Giurdignano, уште еден од малите градчиња на оваа територија кој, изобилува со антички остатоци. Во внатрешнота на ова градче најдовме неколку места украсени со menhir  или во превод  maen или men што значчи камен  и hir што значи долг. Посетивме 5 значајни места од кои првото беше Il Dolmen il Scusi, потоа Il Menhir di San Paolo, Il Menhir Vicinanze 1 и 2 и последниот il Dolmen Stabile. Се верува дека овие долги камења биле правени заради верувањата на луѓето дека почвата ќе биде поплодна или заради обележување на времето.

Гореспоменатиот карневал се случува три пати во годината и тоа 3 викенди по ред, многу луѓе од локалните градови маскирани се собираат и им се восхитуваат на рачно изработените ликови од цртани кои беа движени од групи на луѓе, кои танцуваа на добро извежбаните кореографии.

Топло ви препорачувам да ја посетите Пуља, свратете во Саленто и не препуштете се на убавините што ги нуди, прекрасната глетка, превкусните деликатеси и прекрасните гостопримливи италјани.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com