Сексуалните стилови на мажите

0

Доколку ги прочитавте сексуалните стилови на жените, во продолжение погледнете каква е подлбата на посилниот пол.

ЏЕНТЛМЕН

Тој е среќен ако сте среќни и Вие. Сака да се чувствувате добро , всушност фантастично, а ако не го постигне тоа, тој се чувствува лошо, не се опушта, додека не ги задоволи сите Ваши потреби. Тој сака да го истражува Вашето тело, тој има секси предлози и понуди за одреени акции, но никогаш нема сексуални барања. Тој ги сака стандардните романтични стапици, музика, пригушени светла. Ова е маж што сака да биде сфатен и ценет.

ХЕРОЈ

Овој маж повеќе размислува за тоа како да ве спаси, отколку да Ве задоволи Тој себеси се претставува како витез со меч и штит, кој стигнал навреме да ја спаси тажната дама. Тој е победник. Вие сте плен. За него сексот е драма на страсти. Мже да му се случи да биде помалку груб, не сака многу да зборува за време на сексот, повеќе сака тишина и концентрација на самиот чин на љубовта. Со еден збор, спојување на душата и телото. Мозокот со тоа, нема никаква врска.

МРЗЛИВЕЦ

Кога би можел да избира, би се одлучил за пиво и фудбал, отколку за напорен секс. Не дека не го сака сексот, но сексот му нуди десетминутно задоволство, а фудбалот трае цело попладне. Овој маж мора да биде во посебно расположение, за да посака да води љубов. На промената на расположението, нема многу да влијаат обидите на жената да го заведе. Сепак,немојте погрежно да разберете,него го интересира сексот. Тој ужива во порнографија и убави женски облини, Но, енергијата и напорот што од него ги бара сексот, можат да бидат, многу заморни.
Конечно, Вашиот партнер може да биде мешавина од стилови. Ставете го во групата со која има најмногу сличности, а тогаш проверете како се согласувате, односно со онаа група во која Вие припаѓате. И немојте да заборавите! Колку и да се согласувате добро, нешто ново секогаш е потребно.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com