Сексуалните стилови на жените

1

Според мислењето на сексолозите, психијатрите и љубителите на сексот жените обично спаѓаат на една од трите основни категории. Прочитајте и видите дали нешто од наведеното Ви звучи познато.

АВАНТУРИСТКА

Таа сака да проба се, никогаш не и е доволно од задоволствата. Таа го пробала сексот на отворено, во сите стандардни пози, плус некои понапредни положби од Кама Сутра. Ако нешто и се допадне, нема да се двоуми тоа да го направи, а од партнерот го очекува истиот ентузијазам. Оваа жена е секогаш жедна за задоволства, а сексот е на врвот на нејзините приоритети. Таа бара возбудувања и обожава смеа во креветот.

РОМАНТИЧНА

Оваа жена сака да биде обземена со страст. Нејзината желба е разбудена со љубовта на мажот, кој и се восхитува и ја почитува . Таа се топи од уживање, додека партнерот на уво и шепоти разни ветувања. Таа е подготвена за новитети, само до граница до која и дозволува нејзината фантазија, но ја одбива непристојноста на чудни положби и околности (сексот на отворено е убав во теорија, но пречат бубалките). Водењето љубов треба да биде како еротска сцена обвиткана со магла од некоја сапунска серија, само без прекини за рекламите.

ПРАГМАТИЧНА

Таа има службен став кон сексот. Таа е подготвена за оргазам, колку што времето и енергијата и дозволуваат. Но сексот е секс, а не некоја авантура или сон. Тој нема да делува на нејзиниот став кон себе. Некои чудни сексуални пози неа и се смешни. Во што е поентата? Таа е задоволна со својата сексуална рутина – тоа е сигурно, стабилно. Ако и притреба нешто повеќе ќе се снајде. Но, дотогаш, зошто да се поправа она што функционира.

Share.

About Author

1 Comment

  1. Pingback: Сексуалните стилови на мажите - mis.com.mk

Остави коментар

Powered by themekiller.com