Секој ден по едно јаболко

0

Јаболката содржат многу пектин, витамин Ц и флавоноиди. Тоа се три супстанции, што ги јакнат келиите и штитат од малигни и заболувања на крвните садови.

Лицата кои се хранат здраво и врамнотежено, поретко заболуваат од оние, кои не водат сметка за исхраната. Тргнувајќи од овој факт, американските научници, составиле листа на најзначајните прехрамбени продукти, кои благодарение на нивните состојки, значително придонесуваат за сочувување на здравјето. Водечко место на тој список имаат јаболката, морковите, компирот, зелката, скушата, интегралниот леб, кромидот

Содржат многу пектин, витамин Ц и флавоноиди. Тоа се три супстанции, што ги јакнат келиите и штитат од малигни и заболувања на крвните садови.
Совет: Секој ден треба да се изеде најмалку едно јаболко.

apples1

МОРКОВ

Содржи бетакаротин, кој телото го заштитува од рак. За телото што подобро да ја искористи оваа скапоцена супстанција, морковот треба да се јаде динстан или да се исцеди во сок, на кој треба да му се додаде малку маснотија (маслиново масло, павлака).
Совет: Секој ден, треба да се испие половина чаша сок од морков.

carrots-bunch

КОМПИР

Неоправдано се потценува, а токму овој прехрамбен продукт содржи белковини, витамин Ц и баластни материи, како и флавоноиди и фенолна киселина, која делува против малигните заболувања.
Совет: Секој ден, треба да се изеде околу 200 грама варен или печен компир.

potatoes

ЗЕЛКА

Содржи најмалку десет супстанции, што ја спречуваат појавата на рак. Тоа се пред се, белата и црвената зелка, но делотворно дејство имаат и другите видови (кел, карфиол, брокули).
Совет: Зелката треба да се јаде најмалку двапати седмично, варена или како салата.

cabbage

МОРСКА РИБА

Особено скушата е богата со омега 3 масни киселини, што го јакнат срцето и крвните садови, но и заштитуваат од ревматски заболувања и рак на дебело црево.
Совет: морската риба треба да се јаде двапати седмично.

fresh_fish__sea_food_20141222_1174153449

КРОМИД

Особено оној лутиот, содржи супстанции што ја разредуваат крвта (заштита од инфаркт и мозочен удар) и го намалуваат ризикот од појава на рак.
Совет: Седмично би требало да се јаде по половина килограм кромид, свеж, варен, печен или динстан.

red-onions

ИНТЕГРАЛЕН ЛЕБ

Содржи низа делотворни супстанции, што ја спречуваат појавата на хронични заболувања.
Совет: Секој ден треба да се изеде околу 150 грама интегрален леб, а многу е корисно оваа количина да се надополни со снегулки од овес.

bread-with-sliced-carb-content-targets-strict-diet-stage

ЛУКОТ ЈА ПОДМЛАДУВА КОЖАТА

Познато е дека лукот го спречува закречувањето на артериите, а неодамна е откриено едно значајно дејство на неговите вредни состојки на крвните садови. Имено, под дејство на лукот снабдувањето на капиларите на кожата со крв, може да се засили за 55 отсто, соопштија истражувачите од Универзитетот во Хамбург.
Со тоа, практично, кожата се подмладува, бидејќи келиите побрзо се обновуваат под дејство на витамини и минерали, кои по пат на крвта ги добива во поголеми количини.
Кој не сака лук или го избегнува поради неговиот силен мирис, може да го зема во таблети или капсули, што многу се препорачува, бидејќи така се внесува секогаш иста количина на неговите скапоцени својства.

garlicblog

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com