Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

РОНАЛДО ГИ НЕГИРА БАРАЊАТА НА МАДРИД ,,НЕМА ДА ПОТПИШАМ НОВ ДОГОВОР”

0

Кристијано Роналдо, после вчерашниот пораз од Тотенхем, демантираше дека побарал од раководството да му спремат нов договор сличен на оној на Нејмар и Меси.
,,Во моментов се чувствувам супер во Мадрид, имам уште 4 години договор со Реал Мадрид и размислувам само на натпреварите што ни следуваат”, одговaра Кристијано на новинарско прашање за Беин спортс.

,,Фудбалот е игра во која сите сакаме да победуваме, кога не победувате луѓето зборуваат за тоа како тимот е во криза, за лошата форма на играчите. Но, многу брзо заборавија што направи овој тим пред неколку месеци, освојувајќи два многу важни трофеи. Ние сме втори во групата и на чекор сме до квалификација во следната фаза од Лигата на шампиони. Кој беше победник последните две години во лигата на шампионите? РЕАЛ МАДРИД!
Во овие моменти треба да останеме смирени и да не забораваме, затоа што луѓето очигледно забораваат брзо. Криза? Па и не разбирам што значи тоа. Луѓето брзо ги забораваат добрите работи. Можеме да изгубиме три, четири, па и пет натпревари, но, ќе продолжиме да мислиме дека не сме во криза. Тоа е моето размислување. Луѓето не смеат да заборават на добрите работи, овој тим работи напорно и добро и така и ќе продолжи. Не е баш како што ние сакавме да биде но, фудбалот се менува. Моменталната форма е лоша но, сакаме да се смени и верувајте, ќе се смени многу брзо”, додаде Кристијано Роналдо.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com