Романтичното минато на тиркизот

0

Во муслиманскиот свет, тиркизот е сметан за камена на победата и моќта и е многу користен за разни видови украси и накит. Така, на пример, на Кавказ и во Средна Азија, украсот тиркиз, бил задолжителен дел од облеката на невестата.

Тиркизот е користен за накит и изработка на украсни предмети уште во 3400 година пред новата ера. Се смета дека тиркизите во тоа време се вадени од рудницитеЕлкхадем на Синаискиот Полуостров, тоа биле големи подземни рудници, во кои работеле робови. Од тиркизот ископан во овие рудници, направени се познатите нараквици на египетската кралица Зар, кои спаѓаат меѓу најстариот накит во светот и денес во овие рудници се вади извесна количина на тиркиз, но тој се смета за помалку квалитетен од иранскиот. Во Иран, во подрачјето на Нишапур, се наоѓаат најпознатите наоѓалишта на тиркиз, што се експлоатира од почетокот на оваа ера.

Попознати наоѓалишта денес се наоѓаат во Тибет и во Кина и на југозападниот дел на САД.

Тиркизот е скапоцен камен со сина, сино-зеленкаста боја и не е проѕирен. Најценетите тиркизи се со силна сина боја. Овој скапоцен камен, доколку е изложен на сонце, може да избледи и така да ја загуби својата вредност. Интензивната боја на тиркизот, може повремено да се поврати, доколку се закопа во влажна земја и се потопи со амонијак. Таа постапка, понекогаш ја користат трговците, кога сакаат поскапо да го продадат накитот. Тиркизот, исто така, менува боја, во допир со разни течности, маснотии или пот, што ги впива, бидејќи за разлика од повеќето скапоцени камења, тој е шуплив.

По хемики состав, тиркизот е алуминиумски фосфат, а бојата му ја даваат примесите на бакар.

Со оглед на тоа, што е непроѕирен, најчесто се бруси во полутопка. Во источните земји, за накит се користат и рамни површини, на кои се врежани златни букви.

Инаку името тиркиз, потекнува од францускиот јазик, односно во буквален превод значи ‘‘турски камен‘‘, бидејќи од Персија во Европа е донесен преку Турција. Неговото персиско име има потекло од зборот ‘‘фероза‘‘ или ‘‘пируз‘‘, што значи победа или победник. Инаку, во муслиманскиот свет, тиркизот е сметан за камен на победата и моќта и е многу користен за сите видови украси и накит. Така, на пример, на Кавказ и во Средна Азија, украсот тиркиз, бил задолжителен дел од облеката на невестата. Интересно е, дека веројатно под влијание на Исламот, во Европа во 15. и 16. Век, било популарно, мажите да носат прстени од тиркиз, што во истовреме им служеле и како амајлии.

Тиркизот не е вградува само во злато, туку и во сребро, особено во Мексико, на Тибет и во Иран. Најдобри примероци на сребрени украси со тиркизи, се наоѓаат на колекциите на т.н. ‘‘бедуински накит‘‘ на американските Индијанци.

Во денешно време, се произведува и синтетички тиркиз, што по својствата и изгледот, многу тешко се разликува од природниот.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com