Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

РОБИ ВИЛИЈАМС ОТКРИВА ДЕКА БИЛ ПОСЕТЕН ОД НЛО

0

Роби Вилијамс има успешна кариера во музиката која трае речиси три децении.

Сепак, 44-годишниот Роби Вилијамс не престанува да не изненадува.

Тој ни покажува уште една негова интересна страна, овој пат како ,,ловец на вонземјани,, во новиот документарен филм, присетувајќи се на паранормалното искуство со НЛО кое тврди дека го имал.

Новиот документарец во кој се појавува пејачот, хронолошки ги објаснува вознемирувачките паранормални појави кои наводно се одвиваат на далечен ранч во Навахо, во долината на Уинта во Јута.

Феномените пријавени на ранчот се движат од НЛО до суштества за осакатување на стоката. За сопствениците се вели дека избегале во 1996 година, откако виделе чудни фигури кои биле високи 7 метри.

Роби и неговиот интерес за вонземјаните за кој се пишуваше уште пред 10 години, го посети ранчот кој е познат по мистериозни настани и одлучи да ги сподели своите сопствени искуства во претстојниот филм Хант Скинвејкер.

Пејачот на големиот хит ,,Ангели’’ кој се бореше со зависност од лекови на рецепт, призна дека бил посетен од вонземјани и инсистирал дека тоа нема никаква врска со дрогата.

,,Јас видов феномен што не можам да го објаснам. Го видов право над мене. Можев да го погодам со тениско топче. Не користев никаква дрога ниту лекови во моментот.”, изјавува Роби во документарниот филм Хант Скинвејкер.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com