Ризикот и привлечноста на неверството

0

ВО АВАНТУРА ИЛИ НЕ?

Светските истражувања покажуваат дека секоја четврта жена го изневерила својот сопруг. На неверство се одлучиле бидејќи врската им станала монотона. Неверството може да се случи и затоа што жените обично ги привлекува магијата на непознатото и надежта дека така ќе ги остварат своите сексуални фантазии.

Треба ли жената да биде вљубена за да изневери? Далеку од тоа. Дури и чувствителните жени за кои долго се верувало дека во постела одат само мотивирани со љубов, признаваат дека најслатко е да се ЗГРЕШИ со маж, кој ги привлекува само сексуално, а во кој не се вљубени. Разновидниот сексуален живот е многу привлечен и возбудлив, па сепак има доста жени кои со задоволство водат љубов со своите постојани партнери.

Што е тоа што ги привлекува жените кај новиот партнер? Убавината, сексипилноста, умот? Поттикот за неверство има малку врска со сето тоа. Најчесто жените ги привлекува некој кој е помалку привлечен од нејзиниот постојан партнер, обично понеобразуван и на пониско место на општествената скала, но во моменот кога се подготвени за ГРЕВ постои она што е доволна мамка за љубовна авантура. На ЗАБРАНЕТОТО ОВОШЈЕ најтешко му даваат отпор оние помеѓу 17 и 27 години, додека на него едвај се имуни жените по 38 години.Жените помеѓу 28 и 37 години двапати повеќе се склони да се впуштат во авантура за една ноќ. Ги привлекуваат старите мажи додека младите им се потполно неодолливи.

Што сме постари, се повеќе сме склони да простиме и да поминеме преку љубовниот излет на партнерот или партнерката. Повеќе од една третина на жените се подготвени да поминат преку една авантура, но другите би простиле многу потешко. Психијатрите имаат објаснување за толкавата помирливост на старите партнери, никој веќе не очекува дека неговиот партнер е ангел и дека никогаш нема да потклекне. Дури и тогаш кога и самиот не е имун на сексуалните предизвици.

Неверството сепак е ризик. Жените колку што се постари сексуалната глад ја маскираат со вљубеност и така ќе најдат добра причина за тоа што и тие го чувствуваат како грев.

Доколку ги прашате мажите зошто ги изневеруваат своите партнерки, најчесто наведуваат премореност, досада и потреба за промена . Она што сепак е најчеста причина на нивната сексуална незаситеност е физиологијата, нивото на машките хормони, тестостеронот е главен виновник кога ѓе ја почувствуваат полната жела и при погледот кон убава жена.

На жените им е многу потешко да излегуваат од креветот на љубовникот и да влегуваат во креветот на мажот. Тие признаваат дека поради неверство, со постојаниот партнер ја губат прво спонтаноста, а потоа и желбата.

Мажите и натаму се посклони на едноноќни сексуални авантури од жените, бидејќи ги доживуваат како освоен бод, потврда на својата машкост и пожелност.

Најновите истражувања покажуваат дека за сексот размислуваме 83 часа и 10 минути годишно, а водиме љубов 117 часа и 29 минути. Колку и да има неверства се сме посклони кон верноста во бракот или љубовната врска. Од друга страна, авантурите и менувањето на партнери не го прават само младите. Ист дух имаат и пеесетгодишниците од двата пола.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com