Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Рецепт за успешен секс

0

За да се сакаме, мораме да се познаваме, а клучот на добрите сексуални односи е во добрата емотивна врска. Иако, љубовниот живот не може да се учи од литература, сепак, може да помогне и на оние, кои мислат дека се сезнајковци
Рецепт за успешен секс е познато, дека не постои. Дури е и тешко да се дефинира, бидејќи тоа е крајно лично доживување. Може да се рече дека тоа е собир на чувства, кои некоја двојка ги има, односно, дека е тоа се она што им годи, што им ги исполнува фантазиите, во што уживаат. Во сексот, исто како и во јадењето, вкусовите се различни, но во секој случај, како поделено искуство, тоа е едно од најголемите животни задоволства.

СЛОБОДАТА НА СЕКСУАЛНОСТА ЗАВИСИ ОД ЛИЧНОСТА

Сексот, пред се зависи од остварената блискост и тука с# се случува на полето на чувствата, а не само на генитален план. Тоа значи дека добриот емотивен живот на некоја двојка е главен предуслов за успешен секс. А тие односи треба постојано да се негуваат и унапредуваат, за да не станат нешто досадно и присилно.
Потешкотиите во сексуалниот живот не зависат од културното милје во кое некој живее, туку многу повеќе од семејните односи. Меѓутоа, што е поотворено општеството, што е повеќе подготвено да го цени отворениот контакт меѓу луѓето, кога нема никакви стеги и табу, на човекот му е полесно, кога станува збор за сексот.
Слободата кон сексуалноста зависи од личноста, од тоа дали некој се срами и дали средината од која е некој е патријархална. Нашите луѓе не зборуваат така отворено за сексот, иако со задоволство водат љубов. Особено за тоа не зборуваат ако во креветот нешто не им оди од рака. Кај нас сексуалното ослободување е забележливо во последните триесетина години, од кога, со задоцнување не заплиска сексуалната револуција од Запад.. Односно, од кога стигнаа сигурните контрацептивни средства.

2015-12-27-1451233872-9455521-fotolia_70169985_subscription_monthly_m1

„ЛОВЕЧКИ ПРИКАЗНИ“ ЗА СЕКСОТ

Многумина кои имаат проблеми во комуникацијата со другите луѓе, имаат проблеми и со сексот, велат стручњаците. Кога некој не умее да ужива со другите луѓе, не ужива ниту во сексуалниот однос. Има и такви кои имаат добар однос, но не го негуваат, а би требало да го негуваат како и се друго: пријателство, родителство, брак…
Во ординациите за психо-сексуална помош, многу повеќе се жени отколку мажи. Тоа се објаснува со фактот, што жените многу повеќе се занимаваат со своите чувства, многу полесно зборуваат за сексот, додека машките приказни се на ниво на оние ловечките. Значи, не се искрени. Жените повеќе бараат помош и затоа што женската сексуалност е многу покомплицирана. постои поврзаност со мајчинството, оптоварување со вагиналниот оргазам и многу други клишеа, па ослободувањето е многу потешко.
Познато е дека за мрзливост во училиште или на работа, можете да бидете негативно оценети, па зошто се мисли дека можете неказнето да поминете за мрзливост во сексот? Мрзливиот љубовник е никаков љубовник. Што повеќе труд вложите во водењето љубов, ќе бидете подобар љубовник. под труд не се подразбира само физички напор, иако и тоа треба да се пресмета, доколку еден од вас двајца е пасивен. Напорот за кој станува збор е ментален. Што повеќе се внесувате себеси во водењето љубов, од сексот ќе добиете многу повеќе. На жената никако не и е својствено да биде пасивна и иако тоа понекогаш е прифатливо, доколку помине во навика, може да стане многу опасно. Кога едниот партнер е секогаш иницијатор, а другиот не учествува активно, сексот нема да биде баш најдобар ниту за еден од нив, бидејќи со текот на времето ќе се појават проблеми. Преземете ја командата над својот сексуален живот и ќе постигнете вчудоневидувачки резултати.

1836

ПРЕДИГРАТА НАЈЗНАЧАЕН ЕЛЕМЕНТ

Предиграта е веројатно еден од изразите кои во сексолошкиот речник најчесто предизвикува дилеми. Се уште постојат мажи кои на зборот предигра помислуваат на фудбал, наместо на секс. Лесно, но сигурно, и машкиот дел од популацијата почнува да сфаќа, дека предиграта е значајна за добар секс, колку и вистински копачки за добар фудбал. Ако сакате да станете најдобар можен љубовник, предиграта треба да стане составен дел на Вашиот вкупен однос со партнерот.

Успешноста на сексуалниот живот, велат не треба да се препушти на случајот, па затоа треба постојано да се трудат да го унапредуваат. Во спротивно, ако својот сексуален живот го занемарите, подоцна ќе биде многу потешко да го запалите оганот.

02-say-no-to-sex-plumbing

РАЗМИСЛУВАЈТЕ ОДНАПРЕД

Предиграта не е само умешност, со која треба да се “загрее” партнерот, таа може да биде и Ваша постапка на визуелизација, за кога Ќе дојде време за водење љубов, да бидете потполно подготвени. Овој вид на предигра ќе делува на најдобар начин, ако однапред е договорено времето кога ќе водите љубов.
Доколку не живеете со партнерот, а имате договорено состанок навечер, тогаш во текот на денот направите куса пауза, да го замислите она што ќе се случува вечерта. Ако живеете со партнерот, тогаш можете одвреме навреме, да планирате со него секс однапред, за да можете во текот на денот малку да се занесете во фантазирањето и така што подобро да се подготвите.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com